Излез 34:1-35 MKDB2006 - Bible AI

1И Господ му рече на Мојсеј: „Изделкај за себе две плочи од камен, како што беа првите, а Јас ќе ги напишам на плочите зборовите, кои беа на првите плочи, што ти ги скрши.

2И биди готов за утре, и качи се горе на планината Синај, и застани пред Мене, на врвот од планината.

3Но никој нека не се искачува со те­бе, ниту да се појавува по целата планина; дури ни добиток, ситен или крупен, да не пасе близу планинава.“

4И Мојсеј изделка две плочи од камен, како што беа првите, и стана утредента рано, па се искачи на планината Синај, како што му заповеда Господ, и ги зеде со себе двете камени плочи.

5А Господ слезе во облак, а Мојсеј застана пред Него, и го извика името Господово.

6Потоа Господ помина покрај лицето на Мојсеј и извика: „Господ, Господ, Бог човекољубив и милостив, долготрпелив, многумилостив и верен!

7Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, но Кој виновни не остава неказнети, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата, дури и внуците до третото и четвртото колено.“

8А Мојсеј веднаш, падна наземи и се поклони;

9и рече: „Ако сум нашол милост пред Тебе, Господи, нека оди Господ мој со нас, бидејќи овој народ е тврдоглав; прости ни ги гревовите наши и беззаконијата наши и ќе бидеме Твои.“

10Тој одговори: „Еве, воспоставувам завет со тебе: пред целиот народ твој ќе извршам чуда какви што не биле на­правени по целата земја и кај ниеден народ; и ќе ги видат сите луѓе, меѓу кои си и ти, делата Господови, бидејќи стра­шно ќе биде она што ќе го направам за тебе.

11Пази го сѐ она, што сега ти го запо­ведам; еве, Јас ќе ги изгонам пред лицето твое Аморејците, и Хананците, и Хитијците, и Перизијците, и Евејците и Јевусијците;

12внимавај да не влегуваш во сојуз со оние, кои живеат во земјата, во која ќе влезеш, да не станат соблазна за вас,

13туку жртвениците нивни урнете ги, и спомениците нивни скршете ги; и све­тите дрвја нивни исечете ги.

14Зашто ти не треба да се поклонуваш на други богови освен на Господ, бидејќи името Негово е ревниво; Тој е Бог ревнител.

15Не стапувај во сојуз со жителите на таа земја, та кога ќе се оддаваат на блуд за своите богови и им принесуваат жр­т­ва, да не те поканат и тебе да јадеш од нивните жртви.

16И не земај од ќерките нивни жени за своите синови, та да не би и ќерките нивни, вршејќи блуд за боговите свои, да ги натераат и синовите твои на блуд за боговите нивни.

17Не прави за себе лиени богови!

18Пази го празникот Бесквасници: седум дена јади бесквасен леб, како што ти заповедав, во определеното време во месецот авив, зашто во месец авив излезе од Египет.

19Сѐ што отвора утроба, Мое е, како и секое првородено од говедата твои, и секое првородено од овците.

20Но првороденото од магарињата замени го со јагне; ако не го замениш, тогаш откупи го; а секое првородено меѓу синовите твои, откупи го; да не се појавува никој пред Мене со празни раце.

21Шест дена работи, а во седмиот ден одмори се: дури и ако е време на сеидба и жетва;

22празнувај го празникот на седми­ците, празникот на почетокот на жет­вата на пченицата и празникот на бер­бата на крајот од годината;

23трипати во годината секое машко меѓу вас да се јавува пред Господ Бог Израелов,

24зашто Јас ќе ги истерам народите од пред тебе, и ќе ги проширам гра­ниците твои, и никој нема да се полакоми по земјата твоја, ако се јавуваш пред лицето на Господ, твојот Бог, трипати во годината.

25Немој да ја мешаш крвта од жртвите Мои со квасен леб, и жртвата за празникот Пасха да не преноќева до изутрина.

26Првите плодови од првиот род на земјата твоја принесувај ги во домот на Господ, твојот Бог; немој да вариш јаре во млекото од неговата мајка!“

27А му рече уште Господ на Мојсеј: „Запиши си ги овие зборови, зашто со тие зборови склучувам завет со тебе и со Израел.“

28И остана Мојсеј таму пред Господ четириесет дена и четириесет ноќи, не јадејќи леб и не пиејќи вода; и ги на­пиша врз плочите зборовите на заветот, Десетте заповеди.

29Кога Мојсеј се симнуваше од Пла­нината Синајска, ги држеше во рацете свои двете плочи; но слегувајќи од пла­нината, Мојсеј не знаеше дека кожата на лицето му зрачи зашто Бог разговараше со Него.

30И бидејќи Арон и сите израелски синови го видоа Мојсеј, како и тоа дека лицето му зрачи, се плашеа да се приближат до него.

31Но Мојсеј ги повика, и тие прис­тапија кон него, Арон и сите поглавари на народот, и Мојсеј говореше со нив.

32Потоа дојдоа сите синови израел­ски, и тој им заповеда сѐ што му рече Господ на планината Синај.

33А кога Мојсеј престана да зборува со нив, го покри лицето свое со покривало.

34Но кога Мојсеј излегуваше пред Гос­под, за да зборува со него, го кре­ваше покривалото, додека не излезеше; а штом ќе излезеше, им кажуваше на синовите израелски сѐ што му беше за­по­ведал.

35Тогаш синовите израелски го гле­даа лицето Мојсеево како зрачи; Мојсеј, пак, го покриваше лицето свое со по­кривало додека пак не влезеше да зборува со Него.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>