Излез 35:1-35 MKDB2006 - Bible AI

1ⓦПотоа го собра Мојсеј целото општество на синовите израелски, и им рече: „Еве што заповеда Господ да правите:

2ⓧшест дена да се работи, а седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, починка на Господ; секој што ќе работи во тој ден, со смрт да се казни;

3ⓨво саботен ден да не палите оган нигде во живеалиштата ваши.“

4И уште му рече Мојсеј на целото општество на народот израелски: „Еве што заповеда Господ:

5соберете помеѓу вас принос на Господ, секој што од срце дава, нека донесе принос, доброволно нека принесе принос на Господ: злато, сребро и бакар,

6сина, пурпурна и црвена волна, лен и козина;

7и овнешки кожи, црвени, сини кожи и дрво шитим;

8ⓩмасло за светилникот, и мириси за маслото за помазание и мирисното кадиво;

9и камења од оникс, и камења за украсување на ефодот и за наградникот.

10ⓐИ сите, кои се меѓу вас мудри по разум, нека дојдат да направат сѐ што заповедал Господ:

11ⓑСкинијата, платништата и покривот нејзин, кукичките нејзини и штиците, напречниците нејзини, столбовите неј­зини и подножјата нејзини;

12ⓒи ковчегот на заветот, со своите лостови, и чистилиштето, и завесата за преграда.

13ⓓТрпезата и лостовите нејзини, и сиот прибор нејзин и лебовите за принос;

14ⓔсветилникот за осветление со приборот негов и кадилата негови, и маслото за осветление;

15ⓕи кадилниот жртвеник, и лостовите негови, и маслото за помазание, и миризбите за кадење, и завесата на вратата од скинијата;

16ⓖжртвеникот за сепаленици, и неговите бакарни решетки, лостовите негови и сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово.

17ⓗЗавесите за дворот, столбовите не­гови и подножјата нивни, и завесата од вратата на дворот;

18ⓘколовите за скинијата, и коловите за дворот со јажињата нивни;

19ⓙодеждите службени за служба во светилиштето, и светите одежди на свештеникот Арон, и одеждите на синовите негови за свештеничка служба.“

20Потоа целото општество на синови­те израелски се повлече од Мојсеј.

21И доаѓаа сите кои срцето ги влечеше и душата ги поттикнуваше; доаѓаа, носејќи принос на Господ — приноси за уредување на скинијата, за сите нејзини потреби и за светите одежди;

22доаѓаа мажи и жени; сите, што срцето ги влечеше, и принесуваа ве­риш­ки, обетки, прстени и гривни и се­какви златни работи; секој, кој сакаше, принесуваше злато на Господ;

23ⓚи секој, кој имаше сина, пурпурна и црвена волна и лен, овнешки кожи, црвени, и сини кожи, ги принесуваа;

24и секој, кој донесуваше сребро или бакар, Му Го принесуваше како дар на Господ; и кој имаше дрво шитим, го принесуваше за секоја потреба.

25ⓛА секоја жена, мудра и вешта, предеше со своите раце и принесуваше сѐ што ќе испреде — преѓа сина, пурпурна и црвена и лен;

26секоја пак, жена, која сакаше, а и можеше да преде, предеше козина.

27ⓜА старешините принесуваа камен оникс и камења за украсување на ефо­дот и на наградникот;

28ⓝисто така и аромати, масло за ос­вет­ление и масло за маслото за пома­зание и миризби за кадење!

29И така синовите израелски — сите мажи и сите жени, кои сакаа да принесат што и да е за делото, што заповеда Господ преку Мојсеј да се направи, принесоа доброволен дар на Господ.

30Тогаш им рече Мојсеј на синовите израелски: „Ете, Бог го повика по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино.“

31ⓞИ го исполни со Божји Дух, со мудрост и со разум, со знаење и со секоја умешност;

32да изработува планови, и да прави работи од злато, сребро и бакар;

33да реже камења, да реже и обработува дрво, и да прави секакви уметнички работи;

34ⓟа вложи во неговото срце и во срцето на Охолијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, и способност да можат да учат и други.

35Ги обдари со умешност да вршат секаква работа, на ковач, уметник и везач на сина, пурпурна и црвена и ленена ткаенина и ткајачи, кои прават секакви работи и изработуваат уметнички планови.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>