1И направи од дрвото шитим жртвеник за жртви сепаленици; пет лакти долг и пет лакти широк, четириаголен, три лакти висок;
2
3
4А на жртвеникот му направи решетка од бакар како мрежа, од дното па до средината, наоколу;
5и излеа четири алки за четирите агли на решетката од бакар, за да се провлечат низ нив лостови за носење.
6А лостовите ги направи од дрвото шитим и ги опкова со бакар.
7Па ги провлече лостовите низ алките од обете страни на жртвеникот, за да може да се носи; од штици го направи, празен однатре.
8
9И двор направи од јужната страна, а завесите му беа од пресукан лен, по сто лакти долги;
10дваесет столбови за нив, и дваесет подножја под нив од бакар; а кукичките за столбовите и обрачите нивни беа од сребро.
11Така и од северната страна — завеси од сто лакти; столбови за нив дваесет и подножја под нив од бакар дваесет; а и кукичките за столбовите и обрачите нивни од сребро.
12А од западната страна завеси од педесет лакти: десет столбови за нив, и подножја — десет; кукичките за столбовите и обрачите нивни од сребро;
13и од источната страна, завеси од педесет лакти.
14За едната страна на вратата завеси од петнаесет лакти, три столбови за нив и три подножја под нив;
15и за другата страна завеси од петнаесет лакти, три столба за нив, и подножја под нив — три.
16Сите завеси на дворот наоколу беа од пресукан лен,
17а подножјата на столбовите — од бакар, кукичките за столбовите и обрачите на нив — од сребро; и врвовите нивни беа со сребро обложени; и сите столбови на дворот беа со сребрени обрачи поврзани.
18А завесата на вратата од дворот — везена — од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, долга дваесет лакти, а во висина по целата ширина пет лакти, како и другите завеси во дворот;
19и четири столба за неа, и четири подножја под нив од бакар; кукичките им беа од сребро, врвовите нивни посребрени, а и обрачите нивни беа од сребро.
20
21
22
23
24
25а среброто преброено од дародавците — сто кикари и илјада седумстотини седумдесет и пет шекели, свештени шекели.
26
27
28а од илјада седумстотини седумдесет и петте шекели тој направи кукички за столбовите и опков за врвовите нивни, а направи и обрачи за нив.
29А од принесениот дар во бакар имаше седумдесет кикари, и две илјади и четиристотини шекели;
30и од него ги направи тој подножјата за влезот во скинијата, и жртвеникот од бакар како и решетката од бакар за него, и сиот прибор за жртвеникот;
31подножјата за целиот двор наоколу, подножјата за вратата на дворот, и сите колчиња за скинијата и сите колчиња за дворот наоколу.