1
2Направија ефод од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен;
3исковаа листови од злато, и исекоа нишки, за да ги вткаат вешто меѓу сините, пурпурните, црвените и во ленените нишки;
4му направија и нарамници што се врзуваат: тие се врзуваат со него на двата негови краја.
5И појасот на ефодот, од неговата горна страна, беше ист како и тој: од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
6И изрезаа и камења од оникс, и ги обрабија со злато, и ги впишаа на нив имињата на синовите Израелови, како што се прават печати;
7
8
9тој беше: четириаголен, двоен, педа долг, и педа широк; двоен го направија наградникот.
10И наредија на него четири реда камења: во првиот ред: рубин, топаз и смарагд;
11во вториот ред: антракс, сафир и елмаз;
12во третиот ред: опал, ахат и аметист;
13во четвртиот ред: хризолит, оникс и јаспис; и тие беа опковани и обвиени во злато.
14
15И направија за наградникот веришки виени, плетени од чисто злато;
16направија и две копченца златни и две алчиња златни, и ги ставија двете алчиња на двата краја од наградникот;
17па ги закачија двете златни веришки за двете алчиња на краевите од наградникот,
18а другите два краја од двете веришки ги закачија за двете копченца и ги прицврстија на нарамниците од ефодот од предната страна.
19Направија уште две златни алчиња, и ги ставија на двата краја од наградникот, на внатрешниот раб, свртен спрема ефодот:
20направија уште две златни алчиња, ги ставија на двата нарамника од ефодот, на неговиот преден крај одоздола, каде што се составува ефодот над појасот;
21и така го врзаа наградникот со алчињата негови за алчињата од ефодот со сина врвка, плетена, за да стои одозгора над појасот од ефодот и да не се одделува наградникот од ефодот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
22А за ефодот направија и наметка, од сина ткаенина,
23и прорез по средината на наметката, како отвор на оклоп, а околу прорезот ширит шиен, за да не се реси.
24По полите на наметката одоздола направија топченца од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен.
25А направија и ѕвончиња од чисто злато, и ги закачија ѕвончињата на полите од наметката наоколу, меѓу топчињата:
26ѕвонче и топченце, ѕвонче и топченце наоколу по полите на наметката, за служба, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
27
28
29и појас од пресукан лен од сина, пурпурна и црвена волна — везена работа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
30
31И врзаа за неа сина врвка, за да се врзува на кидарот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
32
33
34И покривката од црвени, овнешки кожи, и покривката од сини кожи и завесата за засолнување,
35
36
37
38
39
40
41
42
43