Излез 40:1-38 MKDB2006 - Bible AI

1И Господ му рече на Мојсеј велејќи:

2„Во првиот ден од првиот месец подигни ја скинијата на собранието,

3потоа постави го таму ковчегот на заветот и засолни го со завесата;

4внеси ја трпезата, и постави сѐ што треба да се намести на неа; внеси го и светилникот, а стави ги и кандилцата на него;

5постави го златниот жртвеник за кадење пред ковчегот на заветот; и закачи завеса пред влезот во скинијата.

6Постави го и жртвеникот за жртви сепаленици пред влезот во скинијата;

7стави го мијалникот меѓу скинијата и жртвеникот, и налеј вода во него;

8огради го дворот наоколу, и закачи ја завесата на вратата од дворот;

9па земи масло за помазание, и помажи ја скинијата и сѐ што има во неа: и освети ја неа и сите принадлеж­ности нејзини, па ќе биде света.

10Помажи го и жртвеникот за жртви сепаленици и сиот прибор негов, па освети го жртвеникот, и жртвеникот ќе стане пресвет.

11Помажи го и мијалникот, и под­нож­јето негово, и освети го.

12Потоа доведи го пред влезот од скинијата Арон и синовите негови и измиј ги со вода;

13облечи го Арон во светите одежди и помажи го и освети го, за да Ми биде свештеник.

14Доведи ги и синовите негови, и облечи ги во хитони,

15и помажи ги, како што го помаза таткото нивни, за да Ми бидат свеш­теници; и помазанието нивно ќе ги освети за вечно свештенство во нивните поколенија.“

16И направи Мојсеј сѐ; како што му заповеда Господ, така направи.

17Во првиот месец од втората година, во првиот ден во месецот се подигна скинијата.

18Мојсеј ја подигна скинијата: ги постави подножјата нејзини, ги исправи штиците, ги постави напречниците, и ги исправи столбовите;

19па ги распна платништата над ски­нијата, а над нив го ставија покривот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

20И, откако го зеде откровението, го стави во ковчегот, и стави ногалки под ковчегот, па го стави чистилиштето одозгора над ковчегот.

21Потоа го внесе ковчегот во скинијата, и ја закачи завесата, та го засолни ковчегот на заветот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

22И ја постави трпезата во скинијата на собранието од северната страна на скинијата, пред завесата;

23потоа постави на неа лебови за принос пред Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

24Го намести светилникот во скинијата, спрема трпезата, од јужната страна на скинијата,

25а ги постави и кандилцата пред Гос­под, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

26Го постави златниот жртвеник во скинијата, пред завесата,

27и стави на него да гори мирисно кадиво, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

28Ја закачи завесата пред влезот во скинијата;

29потоа го постави и жртвеникот за жртви сепаленици при влезот во скинијата, и принесе на него жртва сепаленица, и лебен принос, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

30Го намести и мијалникот меѓу скинијата и жртвеникот, и налеа во него вода за миење;

31и од него Мојсеј и Арон и синовите негови си ги миеја рацете свои и нозете свои;

32а ги миеја кога влегуваа во скинијата на собранието и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

33Го огради и дворот околу скинијата и жртвеникот, и ја стави завесата на влезната врата од дворот. Така ја доврши Мојсеј сета работа.

34Тогаш облак ја покри скинијата на собранието и се исполни скинијата со слава Господова;

35и Мојсеј не можеше да влезе во скинијата, зашто облакот го засенува­ше, и славата Господова ја исполнуваше скинијата.

36И секогаш кога се креваше облакот од скинијата, тогаш синовите израелски поаѓаа на пат;

37а кога не се креваше облакот, тогаш ни тие не поаѓаа сѐ до денот, кога ќе се кренеше,

38зашто облакот Господов стоеше над скинијата дење, а ноќе во облакот се појавуваше оган пред очите на целиот дом Израелов, при сите нивни патувања.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>