Излез 6:1-30 MKDB2006 - Bible AI

1ⓢА Господ му рече на Мојсеј: „Еве, ќе видиш што ќе му направам сега на фараонот; под дејство на силна рака ќе ги пушти; под дејство на цврста рака дури ќе ги истера од земјата своја.“

2ⓣИ уште му зборуваше Бог на Мојсеј, па му рече: „Јас сум Господ.

3ⓤЈас им се јавував на Авраам и Исак и Јаков како Ел-Шадај[2], а со името Мое ‚Јахве‘ не сум им се открил.

4ⓥИ направив завет Свој со нив дека ќе им ја дадам земјата хананска: земја, во која беа тие доселеници, и во која живееја како туѓинци.

5ⓦГи чув воздишките на израелските синови, кои Египќаните ги измачуваат, и се сетив на заветот Мој.

6ⓧЗатоа, појди и кажи им на синовите на Израел, велејќи: ‚Јас сум Господ, ќе ве изведам од египетското ропство, ќе ве избавам од насилството нивно, ќе ве спасам со силна рака и со строга казна.

7ⓨЌе ве земам за свој народ и ќе ви бидам Бог, па ќе познаете дека Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ќе ве изведе од египетското ропство.

8ⓩИ ќе ве воведам во онаа земја, за која кренав рака и се заколнав дека ќе му ја дадам на Авраам, на Исак и на Јаков; и ќе ви ја дадам вам во наслед­ство. Јас сум Господ!‘“

9ⓐМојсеј им го кажа тоа на синовите на Израел, но тие не го послушаа Мојсеј од малодушност, поради тешкото ропство.

10Тогаш Господ пак му рече на Мој­сеј, велејќи:

11ⓑ„Влези, кажи му на фараонот, царот египетски, да ги пушти израелските синови од земјата своја.“

12ⓒА Мојсеј проговори пред Господ и рече: „Ете, синовите на Израел не ме послушаа, а како ќе ме послуша фараонот? А освен тоа, јас сум спор во зборувањето.“

13ⓓНо Господ им зборуваше на Мојсеј и на Арон, и им ги кажуваше Своите заповеди кон синовите на Израел и кон фараонот, царот египетски, за да ги пушти синовите израелски од земјата египетска.

14ⓔОва се старешините на нивните по­ко­ленија: синовите на Рувим, првородениот син Израелов: Ханох и Палу, Ес­ром и Карми; тоа се семејствата Рувимови.

15ⓕА синовите Симеонови се: Јемуел, Јамин, Оад, Јахин, Сигор и Саул, син на една Хананка.

16ⓖА еве ги имињата на синовите Ле­ви­еви, според родовите нивни: Гирсон, Каат и Мерариј. А Левиј поживеа сто триесет и седум години.

17ⓗСинови, пак, Гирсонови беа: Ливниј и Семеј со семејствата нивни.

18ⓘСинови Каатови: Амрам и Јицхар, Хеврон и Узиил. А годините на Каато­виот живот беа сто триесет и три.

19ⓙА синовите Мерариеви се: Махлиј и Мушиј. Тоа се семејствата на Левиј според родовите нивни.

20ⓚАмрам се ожени со Јохеведа, тетката своја, и таа му ги роди Арон и Мој­сеј. Амрам поживеа сто триесет и седум години.

21ⓛСинови, пак, Јицхарови беа: Кореј, Нефег и Зихриј.

22ⓜСиновите Узиилови се: Мисаил, Елцафан и Ситриј.

23ⓝА Арон ја зеде за жена Елишева, ќерката Аминадавова, сестра Наасоно­ва; и таа му ги роди Надав и Авиу, Елеазар и Итамар.

24ⓞСинови Кореови беа: Асир, Елкана и Авијасаф. Тоа е потомството Коре­ово.

25ⓟИ Елеазар, синот Аронов, се ожени со една од ќерките Путиелови, и таа му го роди Финес. Тоа се старешините на Левиевото племе, според нивните семеј­ства.

26ⓠА Арон и Мојсеј, тоа се оние, на кои Господ им рече да ги изведат си­новите израелски од земјата египетска, подредени во дружини.

27ⓡОвие се оние, кои му зборуваа на фараонот, царот египетски, за да ги пушти синовите на Израел од земјата египетска; тоа се Мојсеј и Арон.

28ⓢВо оној ден, кога Господ му говореше на Мојсеј во земјата египетска,

29ⓣму рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Јас сум Господ. Кажи му го на фа­раонот, царот египетски, сѐ она што Јас ти го велам!“

30ⓤА Мојсеј рече пред Господ: „Еве, недоброречив сум, па како ќе ме по­слуша фараонот?“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>