1ⓖМудар син го радува татко си, а безумниот син е тага на мајка си.
2ⓗНеправедно стекнато богатство не донесува полза, а правдата од смрт спасува.
3ⓘГоспод не допушта да гладува душата на праведникот, но богатството на безбожниците го одзема.
4ⓙМрзливата рака донесува сиромаштија, а раката на работливиот збогатува.
5ⓚКој собира преку летото, е разумен син, а кој спие за време на жетва, е неразумен син.
6ⓛБлагослов почива врз главата на праведниот, а насилство им ја затвора устата на беззакониците.
7ⓜСпоменот за праведниот ќе биде благословен, а името на нечестивите ќе биде проколнато.
8ⓝМудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне.
9ⓞКој оди во непорочност, оди без страв; а кој ги искривува патиштата свои, ќе биде казнет.
10ⓟКој намигнува со очите, беда донесува, а кој глупаво зборува — пропаѓа.
11ⓠУстата на праведникот е извор на животот, а насилството им ја затвора устата на беззакониците.
12ⓡОмразата предизвикува раздори, а љубовта ги покрива сите гревови.
13ⓢВо устата на разумниот има мудрост, а за грбот на глупавиот — стап.
14ⓣМудрите го чуваат знаењето, а устата на глупавиот е близу до смртта.
15ⓤИмотот на богатиот е негов утврден град, а пропаст за бедните е нивната сиромаштија.
16ⓥТрудот на праведникот води кон живот, успехот на нечестивиот — кон грев.
17ⓦКој ја пази поуката, тој е на патот кон животот; а кој го отфрла разобличувањето — сѐ губи.
18ⓧКој крие омраза, има лажлива уста; а кој шири клевети, е глупав.
19ⓨПри многу зборување не се избегнува гревот, а разумен ќе бидеш ако ја воздржуваш устата своја.
20ⓩЈазикот на праведниот е одбрано сребро, а срцето на нечестивите — нема вредност.
21ⓐУстата на праведниот поучува мнозина, а глупавите умираат од недостиг на разум.
22ⓑБлагословот Господов — збогатува, и не донесува со себеси тага.
23ⓒГлупавиот со веселба го прави она што е престапно, а на разумниот човек мудроста му е својствена.
24ⓓОд она од што се плаши нечестивиот, тоа ќе го снајде, а желбата на праведниците ќе се исполни.
25ⓔКако што виорот минува, така и нечестивиот ќе исчезне; а праведникот е врз вечни основи.
26ⓕОна што е оцетот за забите и димот за очите, тоа е мрзливиот за оние што го праќаат.
27ⓖСтравот Господов додава денови, а годините на нечестивите ќе се скратат.
28ⓗОчекувањето на праведниците е радост, а надежта на нечестивите ќе загине.
29ⓘПатот Господов е крепост за непорочниот, а пропаст за оние, што вршат беззаконие.
30ⓙПраведниот нема да се поколеба никогаш, а лошите нема долго да живеат на земјата.
31ⓚОд устата на праведникот тече мудрост, а развратниот јазик ќе биде пресечен.
32ⓛУстата на праведникот го познава благопријатното, устата на нечестивите — развратното.