Изреки 11:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1Неисправните мерила се одвра­тни пред Господ, а точните мерки Нему Му се угодни.

2Ќе дојде ли гордоста, ќе дојде и срамот, но мудроста е со смирените.

3Непорочноста на простодушните ќе ги раководи, а лукавството на подмолните ќе ги погуби.

4Богатството нема да помогне во денот на гневот, а правдата ќе спаси од смрт.

5Правдата на непорочниот го из­рамнува неговиот пат, а нечестивиот ќе падне поради својата нечесност.

6Правдата на простодушните ќе ги спаси, а беззакониците ќе бидат уло­вени од своето беззаконие.

7Со смртта на нечестивиот човек, исчезнува надежта негова, и очекувањето на беззакониците загинува.

8Праведникот се спасува од неволја, а место него во неа паѓа нечестивиот.

9Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење.

10Кога праведниците живеат во бла­госостојба, градот се радува, а кога за­гинуваат безбожниците, настанува ве­селба.

11Со благословот на праведните гра­дот се издига, а преку устата на нечес­тивите се разрушува.

12Малоумниот искажува презир кон ближниот свој, но разумниот чо­век молчи.

13Кој оди да озборува, издава тајна, но верниот човек ја чува тајната.

14Каде што нема водство, народот пропаѓа, а при многу советници жи­вее во благосостојба.

15Кој се застапува за друг, зло си до­несува, а кој го мрази давањето гаранција, тој е во безопасност.

16Добрата жена спечалува слава, а работливиот човек се здобива со богатство.

17Милосрдниот човек си прави добро на душата своја, а жестокиот по срце го руши телото свое.

18Безбожникот врши измамлива ра­бота, а на оној што сее правда, наградата му е вистинска.

19Праведноста води кон живот, а кој се стреми кон зло, се стреми кон смртта своја.

20Подмолните по срце се одвратни пред Господ, а непорочните во својот пат Нему Му се благоугодни.

21Можеш со сигурност да речеш дека порочниот нема да остане не­казнет, а семето на праведните ќе се спаси.

22Она што е златна алка на носот кај свињата, тоа е жена убава, но без разум.

23Праведните сакаат само добро, а нечестивите ги очекува гнев.

24Еден раздава штедро, и уште му се додава; а друг преку мера е скржав, и пак е сиромав.

25Добротворната душа ќе биде наси­тена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен.

26Кој задржува храна за себе, него народот го проколнува; а кој ја продава — врз главата негова стои благо­слов.

27Кој се стреми кон добро, тој бара благоволение; а кој бара зло, него и го снаоѓа.

28Оној што се надева на богатството свое, ќе пропадне; а праведниците како зелено дрво ќе напредуваат.

29Кој ја запустува куќата своја, ќе нас­леди ветар, а неразумниот му е слуга на мудриот.

30Плодот на праведникот е дрво на животот, а мудриот придобива човеч­ки души.

31Ако на праведникот му се плаќа на земјата, дотолку повеќе на нечес­тивиот и на грешниот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>