1ⓣМудриот син ја слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот.
2ⓤОд плодот на устата своја човекот ќе вкуси добро, а душата на беззаконикот е полна со насилство.
3ⓥКој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отвора устата своја, тешко нему.
4ⓦДушата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ќе се насити.
5ⓧПраведниот го мрази лажливиот збор, а безбожниот се однесува бесрамно и одвратно.
6ⓨПравдата го чува непорочниот, а безбожноста го погубува грешникот.
7ⓩНекој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажува за сиромав, а има големо богатство.
8ⓐПонекогаш богатиот со пари го откупува својот живот, додека сиромавиот не треба од тоа да се плаши.
9ⓑСветлината на праведниците свети силно, а светилото на нечесните згаснува.
10ⓒОд гордоста произлегува кавга, а мудроста е во оние што примаат совет.
11ⓓБогатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
12ⓔНадежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е како дрво на животот.
13ⓕКој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ќе му се даде награда.
14ⓖПоуката на мудриот е извор на животот; таа го избавува од мрежите на смртта.
15ⓗДобриот разум донесува пријатност, а патот на беззакониците, води во пропаст.
16ⓘСекој благоразумен работи со знаење, а глупавиот се истакнува со глупости.
17ⓙЛош гласник носи беда, а верен гласник е спасение.
18ⓚНемаштија и срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави.
19ⓛИсполнетата желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото.
20ⓜКој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде.
21ⓝГрешниците злото ги гони, а на праведниците им се враќа добро.
22ⓞДобриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните.
23ⓟПраведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат.
24ⓠКој ја жали прачката, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува од детските години.
25ⓡПраведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од недостиг.