Изреки 17:1-28 MKDB2006 - Bible AI

1Подобро сув залак и со него мир, отколку куќа полна со заклан добиток, но во раздор.

2Разумен слуга господари над раз­вратен и со браќата ќе го подели нас­ледството.

3Среброто и златото со оган се испи­туваат, а срцата Господ самиот ги испитува.

4Лош човек се вслушува во беззакона уста; а лажливец — во злонамерен јазик.

5Кој се подбива со сиромав, Созда­телот негов го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет.

6Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родите­лите нивни.

7На безумниот умен збор не му прилега, уште повеќе на големец — лажлива уста.

8Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го дава: каде и да се сврти, ќе успее.

9Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател.

10Врз разумниот посилно дејствува прекор, отколку врз глупавиот сто уда­ри со стап.

11Лошиот човек бара само зло, затоа жесток ангел ќе биде испратен против него.

12Подобро човек да сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство.

13Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова.

14Почеток на караницата е како кога водна брана се отвора: отстапи од кара­ницата пред да се разгори.

15Кој оправдува грешен и кој обвинува праведен — и обајцата се одвратност пред Господ.

16Што ќе му се пари во рацете на без­умен за да купи мудрост, кога во него нема разум?!

17Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на не­волја.

18Неразумен човек подава рака и станува гарант за ближниот свој.

19Кој сака караници, го сака гревот, и кој високо ја издига вратата своја, бара да падне.

20Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ќе западне во беда.

21Кому се родил глупак, тешко нему. За таткото на безумен нема радост.

22Веселото срце е благотворно како лек, а паднатиот дух коски суши.

23Не се прави патиштата на нечесни­те што земаат поткуп; тие го искривуваат патот на правосудието.

24Мудроста е пред лицето на разумниот, а очите на безумниот се на крајот од земјата.

25Глупав син е мака за таткото и огорчување за мајката.

26Не е добро да казнуваш праведен, ниту да тепаш началник.

27Разумниот е воздржан во зборо­вите свои, а одмерениот е трпелив и спокоен.

28И безумниот кога молчи, за мудар го сметаат, и кој ја затвора устата своја — за разумен го сметаат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>