Изреки 20:1-30 MKDB2006 - Bible AI

1Виното е потсмевка, ракијата — бунтовник; и секој, кој им е пот­чинет, не е разумен.

2Заплашувањето од царот е како лавовско рикање: кој го дразни, гре­ши против себеси.

3Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој неразумен се вплеткува во неа.

4Мрзливиот наесен не ора, а кога доаѓа жетва, тој бара и ништо нема.

5Помислите во срцето на човекот се длабоки води, но разумен човек ги исцрпува.

6Мнозина го фалат човекот за ми­лосрдноста негова, но кој наоѓа вистински човек?

7Праведникот оди по својата непо­рочност: блажени се децата негови по него.

8Кога цар праведен седи на прес­тол, нему не му се противи никакво зло.

9Кој може да каже: „Го очистив срцето свое, чист сум од гревот свој?“

10Нееднакви терезии, нееднаква мер­ка, — и едното и другото се одвратност пред Господ.

11Дури и дете може да се познае по работите негови: чисто ли ќе биде и правилно ли ќе биде поведението негово?

12Уво што слуша, и око што гледа, — и едното и другото Господ го создал.

13Не љуби да спиеш, за да не осиромашиш; држи ги отворени очите свои, и ќе јадеш леб до наситување.

14„Лошо е, лошо е,“ вели купува­чот, а кога ќе одмине, тогаш се фали.

15Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапо­цена од сѐ.

16Земи ја облеката негова, бидејќи се заложил за туѓ човек; и за туѓинка земи залог од него.

17Леб, спечален со неправда, му се засладува на човек; но подоцна — устата негова со песок се наполнува.

18Намерите добиваат цврстина пре­ку советување: дури по советувањето води војна.

19Кој оди да оговара, открива тајна, и кој широко ја отвора устата своја, со него не се здружувај.

20Кој зборува лошо за татко си и за мајка си, зениците на очите негови ќе згаснат среде длабока темнина.

21Наследство, што се добива уште во почетокот, набрзина, нема да биде благословено отпосле.

22Не вели: „Ќе му се одмаздам на непријателот“, туку остави на Господ, Тој ќе ти помогне.

23Двојни мерки се одвратност пред Господ; и неточни мерки не се добри пред Господ.

24Стапките на човекот се насочу­ваат од Господ; тогаш, како човекот може да го дознае патот свој?

25Стапица е за човекот набрзина да вети жртва, а по жртвата да се кае.

26Мудар цар ги распознава нечес­ните и го свртува врз нив тркалото.

27Господов светилник е човечкиот дух, кој ги испитува сите длабочини на срцето.

28Милоста и вистината го запазуваат царот, и со милост тој го одр­жува прес­толот свој.

29Слава за младите е нивната сила, а украс за старците — е нивната бела коса.

30Раните од борбата се лек против злото, како и ударите, што стигнуваат до внатрешноста на утробата.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>