Изреки 21:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1Срцето на царот е во раката Господова, како водните потоци: Тој го насочува, каде што ќе посака.

2Сите патишта на човекот се прави пред очите негови; но Господ ги мери срцата.

3Да ја пазиш правдата и правосудието, Му е поугодно на Господ, отколку жртвите.

4Горделивите очи, надуеното срце, сјајот на грешник — сето тоа е грев.

5Мислите на трудољубивите се стре­мат кон изобилие, а секој што пребрзува, трпи немаштија.

6Богатство добиено со лажлив јазик е суета, која брзо одминува кај оние што ја бараат смртта.

7Насилството на безбожниците ќе се струполи врз нив, зашто се откажале да го прават она што е добро.

8Крив е патот на развратниот чо­век; а на чесниот постапките му се прави.

9Подобро е да живееш во агол под покривот, отколку во голема куќа со жена кавгаџика.

10Душата на безбожниот сака зло: во неговите очи нема да најде милост ни пријателот негов.

11Кога го казнуваат арогантниот, простиот станува мудар; и кога муд­риот го вразумуваат, тој се здобива со знаење.

12Сеправедниот го набљудува домот на нечесните: тој ја забрзува нивната несреќа.

13Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот, тој и самиот ќе пишти, — и нема да го чујат.

14Таен подарок го стивнува гневот, а дар под рака — и жестоката јарост.

15Да го пази правосудието е радост за праведникот и страв за оние, што вршат зло.

16Човек кој скршнал од патот на разумот, ќе се насели во собранието на мртвите.

17Кој сака веселби, ќе осиромаши, а кој сака вино и мрс, нема да се збогати.

18Грешниот ќе биде откуп за праведниот, и лукавиот — за простодушниот.

19Подобро да живееш во пуста земја, отколку со жена лута и кавгаџика.

20Скапоцени добра и масло има во куќата на мудриот, а безумниот човек ги растура.

21Кој ја пази правдата и милоста, ќе најде живот, правда и слава.

22Мудриот влегува во градот на силните и ја соборува силата, на која тие се надевале.

23Кој ја чува устата своја и јазикот свој, ја чува душата своја од зло.

24На дрскиот силник — името му е потсмевач — дејствува со прекумерна дрскост.

25Гладот мрзливиот го убива, зашто рацете негови откажуваат да работат;

26тој секој ден гладува, а праведниот дава и не му е жал.

27Жртвата на безбожниците е од­врат­ност пред Господ, зашто ја принесуваат со лукавство.

28Лажниот сведок ќе загине, а човек, кој говори она што знае, ќе говори секогаш.

29Безбожниот човек има дрско лице, а праведниот право оди по патот свој.

30Нема мудрост, нема разум, нема со­вет — против Господ.

31Коњот го подготвуваат за денот на битката, но победата е од Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>