Изреки 22:1-29 MKDB2006 - Bible AI

1ⓑПодобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е бла­гонаклоност, отколку сребро и злато.

2ⓒБогатиот и сиромавиот се сре­ќаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ.

3ⓓУмниот го гледа злото и го избегнува; а безумните одат невнимателно и тоа скапо го плаќаат.

4ⓔПлодови на смиреноста се: стравот Господов, богатството, славата и животот.

5ⓕПо патот на подмолниот — трње и стапици: кој ја пази душата своја, ќе бега од нив.

6ⓖПоучи го момчето во почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари.

7ⓗБогатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот.

8ⓘКој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе исчезне.

9ⓙМилосрдниот ќе биде благословен, зашто им дава на бедните од лебот свој.

10ⓚИстерај го исмејувачот, и раздорот ќе исчезне, ќе престанат кавгата и на­в­редите.

11ⓛОној што љуби чисто срце, и чии зборови се пријатни, и на царот станува пријател.

12ⓜОчите на Господ го чуваат знае­њето, а зборовите на престапникот Тој ги разобличува.

13ⓝМрзливиот вели: „Лав има надвор! Насред улица ќе загинам!“

14ⓞУстите на блудниците се длабока бездна: на кого Господ ќе се разгневи, тој ќе падне во неа.

15ⓟБезумието на детето му е при­врзано за срцето, но прачката ќе го отстрани далеку од него.

16ⓠКој ограбува сиромав, за да го ум­ножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, — ќе осиромаши.

17ⓡНаклони го увото и слушај ги збо­ровите на мудрите, и сврти го срцето кон моите зборови,

18зашто ќе се радуваш, ако ги пазиш во срцето свое, и ако ти бидат исто така во устата твоја.

19За да биде твојата надеж во Гос­под, јас ти го покажувам патот.

20Јас ти напишав триесетина совети и поуки,

21за да те поучам на зборовите вистински и добри, та да ги предаваш на оние што те испраќаат.

22ⓢНе ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник кај портите, —

23зашто Господ ќе се застапи за нив, и ќе ја истргне душата на грабачите нивни.

24ⓣНе се дружи со гневлив и не оди со човек жесток,

25за да не се навикнеш на нивните патишта и да не навлечеш стапица на душата своја.

26ⓤНе биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за туѓи долгови:

27ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе?

28ⓥНе преместувај стари меѓи, кои твоите татковци ги поставиле.

29ⓦСи видел ли вешт и искусен човек во својата работа? Тој ќе служи на цареви, нема да остане меѓу простите.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>