2ⓓСлава за Бога е да ја обвива секоја работа со тајна, а слава за царевите е да ги истражуваат работите.
3Како небото во висините и земјата во длабочините, така и срцето на царевите е неиспитливо.
4ⓔОддели ја смесата од среброто, и истата ќе биде работа на златарот;
5оддалечи го неправедниот од царот, и престолот негов ќе се зацврсти со правда.
6ⓕНе се кревај на големо пред лицето на царот и не седнувај на местото на големците;
7зашто подобро е кога ќе ти кажат: „Дојди тука погоре“, отколку кога ќе те понизат пред очите на кнезот.
8ⓖНе брзај да покренуваш тужба, зашто, што ќе правиш на крајот, кога твојот противник ќе те посрами?
9Суди се со противникот, но туѓи тајни не откривај,
10за да не те прекори оној, што ќе го чуе тоа, и тогаш нечесноста твоја нема да избега од тебе.
11ⓗУмесно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка.
12Мудриот разобличувач за внимателно уво е како златна обетка и украс од чисто злато.
13ⓘКако ладен снег во време на жетва, така е верен оној пратеник, што се испраќа: тој му донесува утеха за душата на својот господар.
14ⓙКако облаците и ветровите без дожд, таков е човекот, кој се фали со лажливи подароци.
15ⓚСо долготрпеливост се придобива и судија, а мек јазик коски крши.
16ⓛАко најдеш мед, јади колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го повратиш.
17ⓜНе оди често во куќата на пријателот свој, за да не му додеваш и да не те намрази.
18ⓝОна што е чеканот, мечот и острата стрела, таков е човекот, кој сведочи лажно против ближниот свој.
19ⓞОна што е скршен заб и крива нога, таква е надежта на безнадежниот во злочест ден.
20ⓟТоа што е оној, кој соблекува облека во студен ден, она што е оцет на рана, таков е оној, кој песни пее на натажено срце.
21ⓠАко непријателот твој е гладен, нахрани го со леб; и ако е жеден, напој го со вода;
22зашто, правејќи го тоа, ти натрупуваш жар врз главата негова, и Господ ќе ти воздаде.
23ⓡСеверниот ветер дожд донесува, а таен јазик — незадоволни лица.
24ⓢПодобро да живееш во агол на покривот, отколку со жена кавгаџика во широка куќа.
25ⓣОна што е студената вода за измачената од жед душа, тоа е добрата вест од далечна земја.
26ⓤОна што е нечист извор и матен кладенец, тоа е праведниот кој попушта пред безбожниот.
27ⓥКако што не е добро да се јаде многу мед, така и да се лакомиш за слава.
28ⓦОна што е разрушен град, без ѕидови, таков е човекот, кој не владее со духот свој.