1ⓢНе фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ќе роди тој ден.
2ⓣНека те фали друг, а не устата твоја, — туѓ, а не јазикот твој.
3ⓤТежок е каменот, тежок е и песокот; но гневот на глупавиот е потежок и од едното — и од другото.
4ⓥЛут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ќе издржи против зависта?
5ⓦПодобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов.
6Искрени се прекорите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази.
7ⓧСита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душа и горчливото ѝ е слатко.
8ⓨОна што е птицата, што го напуштила гнездото свое, тоа е човекот, кој го напуштил местото свое.
9ⓩМаслото и темјанот го радуваат срцето; така е сладок пријателот со неговиот срдечен совет.
10ⓐНе напуштај го пријателот свој, ниту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куќата негова во денот на неволјата твоја; подобро сосед во близина, отколку брат надалеку.
11ⓑБиди мудар, синко, и радувај го срцето мое, — и јас ќе имам што да му кажам на оној, што ме клевети.
12ⓒУмниот го гледа злото и го одбегнува; а неискусните одат невнимателно и биваат казнувани.
13ⓓЗеми му ја облеката, зашто се заложил за туѓинец; и за туѓинката земи од него залог.
14ⓔКој со силен глас го поздравува пријателот свој од рано утро, поздравот негов ќе се прифати како клетва.
15ⓕНепрестајно капење од стреа во дождлив ден и жена кавгаџика се едно исто:
16кој сака да ја задржи, тој сака да задржи ветар и со својата рака масло да фати.
17ⓖЖелезо железо остри, и човек на човека гневот го изострува.
18ⓗКој ја чува смоквата своја, ќе ги јаде плодовите нејзини, и кој го чува господарот свој, ќе биде почитуван.
19ⓘКако што е во водата лице спроти лице, така е и срцето на човека спроти човек.
20ⓙПеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите човечки.
21ⓚОна што е топилницата за среброто и печката за златото, тоа се за човекот устите, што го фалат.
22ⓛБезумниот да го толчиш со железо во дибек заедно со зрната, — безумието нема да се оддели од него.
23ⓜДобро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои;
24како што богатството не е вечно, така и власта не трае довека.
25Тревата никнува, и зеленило се јавува, па се собираат билки горски,
26тогаш овците треба да ти бидат тебе за облека, и козите — за купување ниви;
27ќе имаш доволно козјо млеко за тебе и за твоите домашни за храна и на твоите слугинки за исхрана.