Изреки 29:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1Човек, кој, иако разобличуван, останува тврдоглав, неочекувано ќе биде скршен, и ќе нема за него лек.

2Кога праведниците се умно­жуваат, народот се весели, а кога безбожниот господари, народот офка.

3Човек, кој ја сака мудроста, го радува татко си; а кој се дружи со блудници, имотот го растура.

4Царот со правда ја зајакнува земјата своја, а кој љуби подароци, ја расипува.

5Човек кој му ласка на пријателот, поставува стапица за нозете негови.

6Гревот на лошиот човек е стапица за него, а праведникот ќе се весели и ќе се радува.

7Праведниот грижливо вникнува во маката на бедните, а безбожниот не се интересира за тоа.

8Развратните луѓе го бунтуваат градот, а мудрите го смируваат гневот.

9Умен човек, кога се суди со безумен човек, се лути ли, или се смее, — нема мир.

10Крвожедните луѓе го мразат непо­рочниот, а праведните се грижат за не­говиот живот.

11Глупавиот го излива сиот свој гнев, а мудриот се воздржува.

12Ако управителот слуша лажни збо­рови, тогаш и сите негови службеници стануваат нечесни.

13Сиромавиот и лихварот се сре­ќаваат еден со друг; но Господ им дава и на двајцата светлина во очите.

14Ако царот им суди на сиромасите по правда, престолот негов ќе се зајакне засекогаш.

15Стапот и прекорот даваат му­дрост; но момче, оставено без грижа, ја посрамува својата мајка.

16Кога се умножуваат безбожните, се умножува беззаконието; но праведните ќе го видат нивното паѓање.

17Казнувај го синот свој, и тој ќе ти даде мир и ќе ѝ донесе радост на душата твоја.

18Без откровение одозгора народот е нескротлив, а кој го пази законот, бла­жен е.

19Слугата со зборови нема да се научи, зашто и да ги разбира, не ги слуша.

20Ако си видел човек брз и недомислен во зборовите свои, повеќе надевај се на безумен, отколку на него.

21Ако ласкаво држиш слуга од детството, подоцна ќе посака да ти стане син.

22Гневлив човек подига бунтови, а избувливиот многу греши.

23Гордоста на човека го понизува, а смирениот по дух ќе се здобие со чест.

24Кој дели со крадец, ја мрази душата своја; тој слуша клетви, но не ги соопштува.

25Оние што се плашат и срамуваат од луѓето, ќе се сопнат; а кој се надева на Господ, ќе биде спасен.

26Мнозина го бараат благонаклоното лице на управителот, но судбината на човекот е од Господ.

27Неправеден човек е одвратен за праведниците, а одвратност за безбож­ниот е оној што оди по прав пат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>