1
2Навистина, јас сум понеук од кого и да било меѓу луѓето, и во мене нема разум човечки,
3и не се научив на мудрост, и не успеав да Го запознаам Сесветиот.
4
5Секој збор од Бога е чист; Тој му е штит на оној, што се надева на Него.
6Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.
7
8
9та, откако ќе се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: „Кој е Господ“ или, откако ќе осиромашам, да не почнам да крадам и да го употребувам името на мојот Бог напразно.
10
11
12
13
14
15
16Тоа се: пеколот и утробата неплодна, земјата што не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: „Доста!“
17
18
19патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, патеките на бродот среде море и патот на маж кон девица.
20Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата своја, па вели: „ништо лошо не сум направила.“
21
22слуга, кога ќе стане цар; безумен, кога до наситување ќе се најаде со храна,
23развратна жена, кога ќе се омажи, и слугинка, кога го зазема местото на господарката своја.
24
25мравките — во кои нема сила, но лете сепак си ја приготвуваат храната;
26јазовците — иако слаби животни, но ги прават куќите свои во камен;
27скакулците, кои немаат цар, но излегуваат во војна сите во редови;
28
29Еве три, кои убаво чекорат, и четири, кои свечено настапуваат:
30лавот, најсилен меѓу ѕверовите, кој нема да се врати и да се исплаши од никого;
31грациозна газела или козел, и цар на чело на својата војска.
32
33Зашто, како што кога се бие млеко, се добива масло, и кога ќе се удри носот, потечува крв, така и кога се предизвикува гнев, произлегува кавга.