1
2Ах, сине мој! Ах, сине на утробата моја! Ах, сине на заветите мои!
3Не давај им ја на жени силата своја, ниту судбината своја на оние од нив, кои цареви погубуваат.
4
5
6
7нека пивне тој за да ја заборави сиромаштијата своја и да не ги чувствуваат веќе болките свои.
8
9Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.
10
11Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка;
12таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.
13Набавува волна и лен, и весело работи со рацете свои.
14Таа е како трговски кораб, — оддалеку си донесува храна.
15Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои.
16Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.
17Ја препашува со сила половината своја и ги зајакнува рацете свои.
18Таа гледа колку ѝ напредува работата, и светилката нејзина не се гасне ноќе.
19Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се фаќаат за вретеното.
20Дланката своја му ја отвора на сиромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава.
21Не се плаши од студ за челадта своја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта.
22Таа си ткае покривачи: од висон и пурпур е нејзината облека.
23Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата.
24Таа работи покривки и ги продава, и со појаси ги снабдува Хананците.
25Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината.
26Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин.
27Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност.
28Стануваат децата и ја благословуваат, — мажот, и тој ја фали:
29„Многу жени добродетелни имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.“
30Миловидноста е примамлива и убавината — суетна; но жена, која се плаши од Господ, е достојна за пофалба.
31Дајте ѝ од плодовите на нејзините раце, и нека се прославува кај градските порти поради делата свои!