1ⓚСлушајте ја, деца, татковата поука и внимавајте, та да се научите на разум,
2ⓛзашто добар дар ви дарувам; не оставајте ја мојата заповед.
3ⓜЗашто и јас бев сакан син на татко ми, и како единец омилен на мајка ми;
4ⓝи татко ми ме поучуваше и ми велеше: зборовите мои задржи ги во срцето твое; пази ги моите заповеди и не заборавај ги!
5ⓞЗдобивај се со мудрост, придобивај разум; не заборавај го тоа и не отстранувај се од зборовите на устата моја.
6ⓟНе оставај ја, — и таа ќе те чува, сакај ја, — и таа ќе се грижи за тебе.
7ⓠНајважна е мудроста: придобивај мудрост и за сиот свој имот придобивај разумност.
8ⓡВисоко цени ја, и таа ќе те воздигне; таа ќе те прослави, ако ја прегрнеш,
9ⓢќе положи на главата твоја прекрасен венец, со великолепна круна ќе те дари.
10Слушај, синко, и прими ги зборовите мои, — и ќе ти се умножат годините на животот.
11ⓣТи го покажувам патот на мудроста, те водам по прави патеки.
12ⓤАко одиш, нозете твои нема да се сопнат, и ако потрчаш, нема да се измориш.
13ⓥДржи се здраво за поуката, не оставај ја; пази ја, бидејќи таа е твојот живот.
14ⓦНе оди на пат безбожнички и не оди по патот на лоши луѓе;
15ⓧостави го, не оди по него, отстрани се од него и заобиколи го;
16ⓨзашто тие не заспиваат, ако не направат зло; и сон не ги фаќа, ако не доведат некого до пад;
17ⓩзашто тие јадат леб од беззаконие и пијат вино од грабеж.
18ⓐПатеката на праведните е како болскава светлина, која свети сѐ повеќе и повеќе, дури не настане ден.
19ⓑА патот на беззакониците е како темнина; тие не знаат, од што ќе се сопнат.
20ⓒСинко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото кон поуките мои;
21ⓓда не отстапуваат тие од твоите очи; чувај ги внатре во срцето свое:
22ⓔзашто тие се живот за оној што ги нашол, и здравје за целото тело негово.
23ⓕОд сѐ, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот.
24ⓖОтфрли ја од себе лажливоста на устата, и лукавството на јазикот од себе оддалечи го.
25ⓗОчите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени право пред тебе.
26ⓘПровери ја патеката со нозете свои, и сите патишта твои нека бидат цврсти.
27ⓙНе скршнувај ни десно, ни лево; оддалечи ја ногата твоја од злото.