Изреки 5:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1Синко, внимавај на мудроста моја и приближи го увото кон зборо­вите мои,

2за да ја запазиш добрата мисла, и устата твоја да го зацврсти знаењето;

3зашто мед тече од устата на неверна жена, и нејзината уста е помазна од маслиново масло;

4но последиците од неа се горчливи како пелин, остри како меч со две се­чива;

5нозете нејзини слегуваат кон смртта, стапките нејзини водат до пеко­лот.

6Таа не оди по патот на животот, па­тиштата нејзини се непостојани, таа е неразумна.

7Затоа сега, синко, послушај ме и не отстапувај од зборовите мои.

8Држи го подалеку од неа патот свој и не приближувај се до вратата на куќа­та нејзина,

9за да не си го дадеш животот свој на друг и годините свои на мачител;

10за да не се наситуваат туѓинците од твојата сила, и работата твоја да не биде за туѓа куќа,

11за да офкаш отпосле, кога плотта твоја и телото твое ќе бидат истош­тени, —

12зашто потоа ќе речеш: „Зошто ја мразев поуката, и срцето мое го презираше разобличувањето,

13зошто не го послушав гласот на моите учители, и не го приклонував увото кон оние што ме поучуваа?

14За малку ќе паднев во секакво зло среде собранието и општеството!“

15Пиј од водата на твојот извор и од онаа, што извира од твојот кладенец.

16Нека не се разлеваат твоите изво­ри по улицата, водните потоци — по плош­тадите;

17нека ти припаѓаат тие само тебе, а не и на туѓинци.

18Благословен да биде изворот твој; и утешувај се со жената на својата младост.

19Нека ти е мила како кошута и како срна драга; нејзините гради нека те допираат во секое време, со љубовта нејзина насладувај се постојано;

20и зошто ти е, синко, да се забавуваш со надворешна и да ги прегрнуваш градите на туѓа?

21Зашто патиштата на човекот се пред очите на Господ, и Тој ги гледа си­те патеки негови.

22Беззаконикот го фаќаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гревот негов го држат:

23тој умира без да биде поучен, и поради големото свое безумие загинува.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>