1
2
3
4Кажи ѝ на мудроста: „Ти си ми сестра!“ — и наречи го разумот твој роднина,
5
6Ете, еднаш гледав од прозорецот на куќата моја, низ мојата решетка,
7и видов меѓу неискусните, забележав меѓу младите едно неразумно момче,
8кое минуваше преку плоштадот близу до нејзиниот агол и кое одеше по патот кон нејзината куќа,
9на квечерина кога се стемнуваше, во ноќната темнина и во мракот.
10
11зборлива и нескротлива, нозете нејзини не се запираат в куќи:
12де на улицата, де по плоштадите и на секој агол поставува стапици.
13Таа го зграпчи, го бакна и со бесрамно лице му зборуваше:
14
15затоа и излегов да те пресретнам, за да те побарам, и те најдов;
16со покривки го украсив леглото свое, со разнобојни платна египетски;
17леглото свое го попрскав со смирна, алој и дарчин;
18дојди, ќе се насладуваме со љубовта дури до зори, дојди да се радуваме во милување,
19зашто маж ми не е дома: тој замина на долг пат;
20една ќеса сребро зеде со себе; ќе си дојде дома кон полната месечина.“
21
22Тој веднаш тргна по неа, како што вол оди на колење и како елен — на истрел,
23додека стрела не му го пробие црниот дроб, како птичка што се фрла во стапица, а не знае дека е таа за нејзина погибел.
24И затоа, синко, послушај ме и внимавај на зборовите од устата моја.
25Да не скршнува срцето твое по нејзиниот пат, да не талка по патеките нејзини,
26зашто таа многумина смртно ранила, и многумина јунаци таа убила.
27Нејзиниот дом е пат кон пеколот, кој води во внатрешните живеалишта на смртта.