Изреки 9:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови,

2ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја;

3ги испрати слугите свои да огласат од градските височини:

4„Кој е неразумен, да наврати ту­ка!“ И на малоумните таа им рече:

5„Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила;

6оставете ја неразумноста, и ќе жи­веете; одете по патот на разумот.“

7Кој поучува бесрамник, ќе си спе­чали укор, и кој го разобличува нечес­тивецот — срам.

8Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака.

9Дај му совет на мудриот, и тој ќе би­де уште помудар; научи го праведниот, и тој ќе го збогати своето знаење.

10Почеток на мудроста е верноста кон Господ, а почитувањето на Све­тиот е разум;

11зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот.

12Ако си мудар, мудар си за себеси; и ако си лош, самиот ќе страдаш.

13Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира,

14седнува пред куќната врата на стол, по високите места на градот,

15за да им вели на минувачите, што си одат право по патот:

16„Кој е глупав, нека наврати тука“, а на малоумните им вели:

17„Крадената вода е слатка, и сокрие­ниот леб е — пријатен.“

18И тој не знае дека таму се мртов­ците, и дека поканетите од неа се на дното од пеколот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>