Исаија 1:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1Видение на Исаија, синот на Амоц, кое го виде за Јудеја и Ерусалим, во деновите на јудејските цареви Озија, Јотам, Ахаз и Езекија.

2Чујте небеса и слушај земјо, зашто Господ вели: „Јас воспитав и подигнав синови, а тие се побунија против Мене.

3Волот го познава стопанот свој, и магарето — јаслите на господарот свој, а Израел не Ме познава, Мојот народ не разбира.“

4Ах, народе грешен, народ претрупан со беззаконија, племе на злодејци и си­нови погубни! Го оставивте Гос­пода, Го презревте Светецот Изра­елов, — грб Му свртевте.

5Каде уште да ве бијат вас, кои сѐ уште се противставувате? Целата глава ви е во рани, и целото срце ви е изне­моштено.

6Од главата до петите нема во тој на­род здраво место, модрици, гнојни рани, нечистени, непреврзани и неомекнати со масло.

7Земјата ви е опустошена, градо­вите ви се изгорени со оган; нивите ваши пред ваши очи туѓинци ги јадат; и пус­тош е, како што запустуваат туѓинци.

8Остана ќерката Сионова како колиба во лозје, како колиба во градина, како опсаден град.

9Да не беше ни оставил Господ Са­ваот мал остаток, ќе бевме како Содом, ќе заприлегавме на Гомора.

10Чујте го словото Господово, кнезови содомски, вслушајте се во зако­нот на нашиот Бог, народе гоморски!

11„Зошто ми се многуте ваши жртви? — вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телињата, од јагниња и јариња не сакам.

12Кога доаѓате да се јавите пред лицето Мое, кој го бара тоа од вашата рака, кога ќе згазнете на Моите дво­рови?

13Не принесувајте веќе празни жрт­ви; кадењето е одвратно за Мене; ново­месечија, саботи и празнични собранија со беззаконија — не можам да трпам!

14Душата Моја ги мрази вашите но­вомесечија и вашите празници: тие се товар за Мене, тешко Ми е да ги носам.

15И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умно­жувате молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв.

16Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло;

17научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувај­те сирак, застапувајте се за вдовица.“

18Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени — како снег ќе ги по­белам; да бидат црвени и како пурпур — како вол­на ќе станат бели.

19Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни;

20ако, пак, не сакате и се против­ставувате, меч ќе ве истреби! Тоа го рече устата Господова.

21Како справедливиот верен град Сион стана блудница? Во него царуваше правда, а сега престојуваат убијци.

22Среброто ти стана како згура, виното ти е со вода помешано;

23твоите кнезови се престапници на законот и соучесници на крадци; сите тие сакаат подароци и лакомат за наг­рада; не заштитуваат сирак, и поплака на вдовица не стигнува до нив.

24Затоа вели Господ, Господ Саваот, Јунакот Израелов: „О, ќе ја истурам ја­роста на противниците Свои и ќе им се одмаздам на непријателите Свои!

25И ќе ја свртам против тебе раката Своја и како со пепелница ќе ја исчис­там од тебе згурата и ќе го одделам од тебе сето олово.

26И пак ќе поставам судии, како по­рано, и советници како отпрвин; тогаш ќе говорат за тебе: град на правда, верна престолнина!

27Сион ќе се спаси преку праведен суд, и обратените негови — преку правда.

28За сите отстапници и грешници — погибел, а оние, што Го оставиле Гос­пода, ќе бидат истребени.

29Вие ќе бидете посрамени заради да­бовите што ги обожавате, ќе црвенеете од срам заради градините што сте си ги избрале;

30зашто вие ќе бидете како даб, чиј лист свенал и како градина, во која нема вода.

31И силниот ќе биде отпадок, а делото негово — искра; ќе горат заедно, — и никој нема да ги угасне.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>