Исаија 10:1-34 MKDB2006 - Bible AI

1Тешко им на оние што соз­даваат неправедни закони и пишуваат остри решенија,

2за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги на­прават вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците.

3А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддале­ку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое?

4Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова ќе остане протегната.

5О, Асиријо, жезол на Мојот гнев и бич на Моето негодување!

6Ќе го испратам против нечесен народ и против народот на Мојот гнев, ќе му дадам повелба грабеж да граби и плен да плени и да ги гази како улична кал.

7Но тој нема така да расуди, срцето негово нема да помисли вака; нему на срце ќе му биде — да разурне и да истреби многу народи.

8Зашто тој ќе рече: „Нели се сите цареви мои кнезови?

9Кално не ли е она што и Кар­кемиш? Хамат не ли е она што и Арпад? Самарија не ли е она што е Дамаск?

10Бидејќи раката моја завладеа со идолските царства, во кои беа идолите повеќе отколку во Ерусалим и Сама­рија, —

11нема ли истото тоа да го направам со Ерусалим и со неговите кипови, како што направив со Самарија и со нејзините идоли?

12А кога Господ ќе го изврши сето Свое дело на гората Сион и во Еруса­лим, тогаш ќе го казнам плодот на горделивото срце на царот асирски и дрскоста на високо кренатите му очи.“

13Зашто рече: „Со силата на Своите раце и со мудроста на Својот разум го направив тоа, зашто сум умен: ги разместив границите на народите, и нив­ните богатства ги ограбив,

14раката Моја го ограби богатството на народите како гнезда: како што ги земаат оставените во нив јајца, така ја заграбив јас целата земја, и никој со крило не мрдна, ни уста не отвори, ниту писна.“

15Се крева ли на големо секирата пред оној што сече со неа? Се гордее ли трионот пред оној што го движи? Како стап да се крева против оној што го дига! Како божем прачка се крева против оној, кој не е дрво!

16Затоа Господ Бог Саваот ќе испра­ти немоќ на неговите здрави луѓе, меѓу првенците на Неговата чест — бесчестие, а врз Неговата слава оган на зло ќе се разгори.

17Светлината на Израел ќе биде оган, а неговиот Светец — пламен, кој ќе ги изгори и ќе ги изеде трњето негови и боцките негови во еден ден;

18ќе ја истреби славната шума негова и градината негова, од душа до тело, и тој ќе биде како немоќен, кој умира.

19И другите дрвја од шумата негова ќе бидат толку малубројни, што дури и дете ќе може да им направи попис.

20И ете, во тој ден Израеловиот остаток и спасените од домот на Јаков нема веќе да се потпираат на оној, кој ги по­рази, но простосрдечно ќе положат надеж во Господ, Светецот Израелов.

21Остатокот ќе се врати, остатокот на Јаков, ќе се врати кон Силниот Бог.

22Зашто, иако твојот народ, Изра­еле, е колку морскиот песок, само остатокот негов ќе се обрати; реше­нието за истребување е преисполнето со правда;

23зашто решеното истребување ќе го изврши Господ Бог Саваот, по целата земја.

24Поради тоа, вака вели Господ Бог Саваот: „Народе Мој, што живееш на Сион, не плаши се од Ашур кога тој ќе те удира со палка и ќе го крене стапот против тебе, како Египет.

25Уште малку, сосема малку, — и Мо­јот гнев ќе мине, јароста Моја ќе се свр­ти да ги истреби.“

26И ќе крене Господ Саваот бич врз него, како кога го порази Мидјан кај карпата Орев, или како кога го протегна стапот врз морето, ќе го крене како врз Египет.

27Во тој ден ќе биде симнат од твоите рамења товарот негов, и јаремот негов — од твојот врат; јаремот ќе се скрши од дебелина.

28Тој доаѓа во Ајат, го минува Миг­рон, товари во Михмас.

29Тие минуваат клисури; во Гева но­ќеваат; Рама се тресе; Гива Сауло­ва се разбега.

30Викај со глас ќерко Галимова; нека те чуе Лаис, Одговори ѝ, Анатоте!

31Мадмена се разбега, жителите на Гевим брзаат да побегнат.

32Уште еден ден ќе престојува тој во Нов; со раката своја ја заплашува гората Сион, ерусалимскиот рид.

33Ете, Господ Бог Саваот со страш­на сила ќе ги откине гранките на дрвјата, врвовите ќе им ги пресече, висо­ките — на земја ќе ги собори.

34И горскиот честар Тој ќе го исече со секира, — а Ливан ќе падне од Семоќ­ниот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>