Исаија 11:1-16 MKDB2006 - Bible AI

1И ќе потера фиданка од Јесеевата пењушка, и стебло ќе израсне од нејзиниот корен;

2ќе почива врз Него Дух Господов, дух на мудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и богобојазли­вост;

3ќе се исполни со страв Господов, ќе суди, не според тоа како што очите Не­гови гледаат; и ќе ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слушаат.

4Тој ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалниците во земјата ќе ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ќе ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ќе го убие нечесниот.

5Појас на половината Негова ќе биде правдата, а појас на бедрата Негови — вистината.

6Тогаш волк ќе живее со јагне, лео­пардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води.

7Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот.

8Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо.

9Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господ, како што водите го полнат морето.

10Во оној ден кон Јесеевиот корен, кој ќе стане како знаме на народите, ќе се обратат незнабошците, живеа­лиштето негово ќе му биде слава.

11Тогаш Господ пак ќе ја крене раката Своја, за да Си го врати остатокот од народот Свој, — она што остана во Аси­рија, и во Египет, и во Патрос, и во Куш, и во Елам, и во Сенаар, и во Хамат, и островите морски.

12И ќе крене знаме кон незна­бошците и ќе ги собере прогонетите Израелци; расеаните Јудејци ќе ги повика од чети­рите земни краишта.

13Ќе се прекрати зависта Ефремо­ва; кои непријателствуваат против Јуда, ќе бидат истребени, Ефрем нема да му за­видува на Јуда, а Јуда нема да го при­теснува Ефрем.

14И ќе полетаат врз плеќите на Фи­листејците кон запад, ќе ги ограбат сите народи на Исток; ќе стават рака врз Едом и Моав, и синовите Амоно­ви ќе им бидат поданици.

15Ќе го исуши Господ заливот на Египетското Море, ќе ја протегне раката Своја врз Реката преку силниот Свој ветар и ќе ја разбие на седум ракави, така што со обувки да можат да ги мину­ваат.

16Тогаш за остатокот од Неговиот народ, кој ќе остане во Асирија, ќе има широк пат, како што беше тоа за Из­раелците кога излегуваа од египетската земја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>