3ⓛВо оној ден, кога Господ те оттргна од скрбта твоја, од стравот и од тешкото ропство, под кое беше заробен,
4ⓜти ќе запееш победничка песна против вавилонскиот цар и ќе речеш: како исчезна мачителот и прекина тиранијата!
5ⓝГоспод го скрши жезолот на нечесните, скиптарот на владетелите,
6кој јаросно ги поразуваше народите со бескрајни удари, гневно владееше над племињата свои со незадржливо прогонување.
7ⓞЦелата земја здивна, почива, воскликнува од радост;
8ⓟи кипарисите се радуваат за тебе и кедрите леванонски, велејќи: откако падна ти, никој не доаѓа да нѐ сече.
9ⓠПодземјето одоздола се раздвижи заради тебе, за да те пречека при твоето влегување; со тебе се разбудија сите водачи на земјата, изместувајќи ги сите цареви незнабожечки од престолите нивни.
10Сите тие ќе ти говорат: и ти стана бессилен како нас! И ти стана сличен на нас.
11ⓡГордоста ти е симната во пеколот, со сиот твој шум; под тебе има гнилеж за постилка, а црви се твојата покривка.
12ⓢКако падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите.
13ⓣА во срцето свое си велеше: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот;
14ⓤќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам рамен на Севишниот.“
15ⓥНо ти си соборен во пеколот, во дното на јамата.
16Оние што ќе те видат, ќе се загледаат во тебе, ќе си речат за тебе: тоа ли е човекот, кој земјата ја разнишуваше и царства потресуваше,
17вселената во пустина ја претвори и ги разрушуваше градовите нејзини, робовите не ги пушташе по домовите нивни?
18ⓦСите царства на народите, сите почиваат со чест, секој во својата гробница;
19ⓧа ти си фрлен надвор од гробот како отпадок, покриен со убиени, погубени со меч, што ги спуштаат во камени гробници, — како изгазен труп,
20ⓨнема да се соединиш со нив во гробот; зашто ти ја разори земјата своја, го уби народот свој: племето на злодејците никогаш нема да се спомне.
21ⓩГответе клање за синовите негови поради беззаконието на таткото нивни, за да не востанат и да не завладеат со земјата и да не ја наполнат вселената со непријатели.
22ⓐ„И ќе станам против нив, — вели Господ Саваот, — и ќе го истребам името на Вавилон и целиот остаток — и син, и внук, вели Господ.
23ⓑЌе им го дадам во посед на ежовите и мочуриштата, ќе го изметам со истребувачка метла, вели Господ Саваот.“
28Во годината, кога умре царот Ахаз, имаше вакво пророчко слово:
29ⓖ„Немој да се радуваш, земјо филистејска, дека е скршен жезолот, кој те поразуваше, зашто од змискиот корен ќе излезе отровница и плодот нејзин ќе биде змеј што лета.
30ⓗТогаш најбедните ќе бидат нахранети, немоќните ќе си почиваат во безопасност; а твојот корен со глад ќе го уморам, и тоа ќе го убие твојот остаток.
31ⓘПлачете, порти, викај граде, на глас! Ќе се раздробиш ти, цела земјо филистејска; зашто од север иде дим, нема изморен во нивните војски.
32ⓙА што ќе соопштат известувачите народни? — Тоа дека Господ го утврдил Сион, и дека во него ќе најдат засолниште сиромасите од народот Негов.“