1ⓚПророштво за Моав. Така! Ноќе ќе биде разорен Ар-Моав и уништен; така! Ноќе ќе биде разорен Кир-Моав и уништен!
2ⓛТој се искачува во храмот дивонски за да плаче на височина; Моав липа над Нево и Медева; сите тие се со истрижени глави, сите со избричени бради.
3ⓜПо улиците негови се препашуваат со вреќишта; по покривите негови и плоштадите сите плачат, во солзи тонат.
4ⓝПишти Есевон и Елале; гласот нивни се слуша дури до Јахца; по нив и војниците на Моав плачат, душата му се бранува во него.
5ⓞПлаче моето срце за Моав; бегаат од него кон Сигор, до Еглат-Шелишија; се искачуваат со плачење на Лухит; по хоронаимскиот пат креваат страшен вик;
6зашто водите на Нимрим пресекнаа, ливадите се исушија, тревата изгоре, зеленило не остана;
7ⓟзатоа тие ги пренесуваат од онаа страна на Арабиската река остатоците од имотот и она, што го собрале.
8ⓠЗашто писокот се разнесува по сите предели на Моав, плачот негов стигнува дури до Еглаим, плачот негов стигнува до Беер-Елим;
9ⓡбидејќи водите на Дивон се наполнија со крв, и Јас ќе испратам врз Дивон уште нешто — лавови врз избеганите од Моав и против преживеаните во земјата.