Исаија 16:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1Испраќајте јагниња за владетелот на земјата, испраќајте од Сала во пустината кон планината на ќерката Сионова;

2зашто ќерките на Моав при Арнон­ските бродови ќе бидат слични на птица скитница, исфрлена од гнездото.

3„Дај совет, донеси решение; засен­чи нѐ со сенката своја среде пладне како ноќе, прикриј ги истераните, не предавај ги скитниците.

4Нека поживеат кај тебе моите исте­рани Моавци; биди им закрила од гра­бачи: зашто угнетувачот нема да го пуштам; грабежот ќе престане, угнетувачите ќе исчезнат од земјата.

5И престолот ќе се утврди со милост, и на него ќе седне со верност, во Давидовиот шатор, судија, кој бара правда и се стреми кон правосудие.“

6„Сме слушале за гордоста на Моав, прекумерна гордост, за неговата надуе­ност и високомерност и за неговото бес­неење: празна е фалбата негова.“

7Затоа Моав ќе заплаче; сите ќе плачат за Моав, по колачињата од суво грозје од Кир-Харешет, ќе пла­чат до­толчени.

8Зашто, Есевонските полиња се ису­шија, како и лозјата во Сивма; големците на народите ги истребија најдоб­рите лозја, кои достигнаа до Јазер, се простираа по пустината; ластарите се ширеа, преминуваа од онаа страна на морето.

9Поради тоа јас ќе плачам за лозјата сивмански со плачот на Јазер, ќе ги об­левам со солзите свои, Есевоне, и Елале; зашто по твојот гроздобер и по твојата жетва нема повеќе шумна радост.

10Исчезнаа од плодоносната земја радоста и веселбата, по лозјата не пеат ниту се радуваат; лозарот не гмечи гроз­је во садови: Јас ги прекратив веселбите.

11Затоа мојата внатрешност стенка по Моав како харфа, а срцето мое за Кир-Херес.

12Но и да се јави Моав и до умор да оди по идолските светилишта, и да дојде при светилиштето свое, да се моли, пак ништо нема да му помогне.

13Тоа е словото, што Господ одамна го беше искажал за Моав.

14А сега вака вели Господ: „По три години, сметајќи наемнички години, ве­личието на Моав ќе биде понизено со сето големо множество негово, а остатокот ќе биде многу мал и незначаен.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>