Исаија 17:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1Пророштво за Дамаск. Ете, Да­маск се исклучува од бројот на градовите и ќе биде куп од урнатини.

2Градовите Ароерски ќе бидат на­пуштени, — ќе останат за стадата, што ќе си почиваат таму и нема да има кој да ги плаши.

3Нема да има повеќе Ефремова тврдина, ни дамаско царство и остатокот од Арам; со нив ќе стане исто, што стана со славата на синовите Израелови, вели Господ Саваот.

4Во оној ден ќе се намали славата на Јаков, и полното тело негово ќе ослабне.

5Ќе биде како по собраното жито од жетварот, кога раката негова ќе ги ожнее класовите и кога ќе ги соберат класовите во Рефаимската Долина.

6И ќе останат во него, како што станува при тресење маслинки, две — три зрна да останат на самиот врв или четири — пет на плодните гранки, вели Господ, Бог Израелов.

7Во оној ден ќе го сврти човек погледот свој кон својот Создател, очите негови ќе бидат управени кон Светецот Израелов;

8и нема да сврти очи кон жртве­ниците, дело на рацете свои; нема да го погледне она што го направиле прстите негови, идолите на Ашера и идолите на сонцето.

9Во оној ден утврдените негови градови ќе бидат како урнатини во гори и по планински врвови, оставени пред синовите Израелови и сѐ ќе биде пусто.

10Зашто ти Го заборави Бога на твоето спасение, не се сеќаваше на Карпата на твоето засолниште; затоа ти си уредил градини за веселби и си насадил прачки во туѓи лозја.

11Во денот, кога садеше, ти се гри­жеше насаденото да расте, и посеаното од тебе да цути; но во денот кога ќе собираш, ќе нема куп жетва, туку голема жалост.

12О, шум од многу народи! Шумат тие како што шуми морето. Викање на племиња! Викаат тие како што бучат бујните води.

13Викаат народите како што бучат бујните води; но Тој ги заплаши, — и тие избегаа далеку; беа разгонети како плева по планините од ветар и како прав од виор.

14Вечерта — еве ужас, но пред утрото веќе ги нема. Таков е делот на нашите грабачи, ждрепката за наши­те раз­ру­ши­тели.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>