1ⓡТешко ѝ на земјата, која мафта со крилја од онаа страна на етиопските реки,
2ⓢкоја испраќа гласници по море и рогозени чунови по водите! Одете, брзи гласници, при народ јак и бодар, при народ страшен од почетокот до денес, при народ здрав и кој сѐ победува, чија земја реки ја пресечуваат.
3ⓣСите вие, што ја населувате вселената и живеете на земјата, гледајте кога ќе се крене знаме на планините, кога ќе затруби трубата!
4ⓤЗашто, така ми рече Господ: Јас гледам спокојно од Своето живеалиште, како светла жега — по дожд, како облак роса — при жетвен припек.
5ⓥЗашто пред гроздобер, кога грозјето ќе процути, и гроздот ќе почне да узрева, Тој ќе ги исече со ноже прачките и ќе ги отстрани, и ќе ги искастри фиданките.
6ⓦЌе остават сѐ на грабливите планински птици и на полските ѕверови: и птици ќе летаат таму, а полските ѕверови таму ќе зимуваат.
7ⓧВо она време ќе биде принесен дар на Господ Саваот од народ јак и бодар, од народ страшен од почетокот до денес, од народ здрав што гази друг народ, чија земја реки ја пресечуваат, — кај местото, каде што е името на Господ Саваот врз гората Сион.