Исаија 20:1-6 MKDB2006 - Bible AI

1Во годината, кога врховниот војсководец дојде во Ашдод, би­дејќи беше пратен од асирскиот цар Саргон и војуваше против Ашдод и го презеде, —

2во исто тоа време Господ Му кажа на Исаија, синот на Амоц, вака: „Оди и симни го вреќиштето од бедрата свои и собуј ги обувките од нозете свои.“ Така и направи: одеше гол и бос.

3Тогаш рече Господ: „Како што слугата Мој Исаија оди гол и бос три години, како знак и означување за Египет и Етиопија, —

4така асирскиот цар ќе поведе заробеници од Етиопија, млади и стари, голи и боси и со разголени бедра, за срам на Египет.

5Тогаш ќе се вџашат и засрамат по­ради Етиопија, нивната надеж, и поради Египет, со кој се фалеа.

6И во тој ден жителите ќе речат за онаа земја: ‚Ете какви биле оние, на кои се надевавме и при кои прибегнавме за помош, за да се спасиме од асирскиот цар! А ние, како да се спасиме?‘“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>