Исаија 22:1-25 MKDB2006 - Bible AI

1Пророштво за долината на видението. — Што ви е, та сите сте се искачиле на покрив?

2Шуми граде, кој се брануваш, граде, што ликуваш! Твоите убиени не се убиени од меч, ниту умреле во борба;

3сите твои водачи бегаа заедно, но беа заробени без да затегнат лак; сите што се најдени кај тебе заробени се заедно, колку и да бегаа далеку.

4Затоа велам: оставете ме, горко ќе плачам; не трудете се да ме утешу­вате, поради погибелта на мојот народ.

5Зашто е ден на вознемиреност, угнетување и збрка во долината на видението од Господ Бог Саваот. Се соборуваат ѕидови, викањето стигнува до пла­нината.

6И Елам зеде оружје: луѓе со коли, и јавачи, и Кир штитот свој го спрема.

7И ете, најдобрите твои долини се полни со бојни коли, јавачите се наредија спроти портите,

8па ја уриваат заштитата на Јудеја; и ти во тој ден погледна кон избраните домови во градот.

9Видовте дека има многу пукнатини во ѕидиштата на Давидовиот град, па собравте вода во долниот рибник;

10ги преброивте и ги рушевте куќи­те ерусалимски, за да се зацврстат ѕидините градски;

11направивте меѓу двата ѕида собиралиште за вода од старото езеро. А на Оној, Кој го направи тоа, не погледнавте, и не Го гледавте Оној, Кој одамна го одреди тоа.

12Господ Бог Саваот ве викаше на тој ден да плачете и да тагувате, да се ис­трижете и да се облечете во вре­ќиште.

13Но, ете, веселба и радост! Уби­ваат волови и колат овни; јадат месо, пијат вино и велат: „Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме!“

14И ми откри во ушите Господ Са­ваот: „Нема да ви биде простен тој грев додека не умрете,“ рече Господ Бог Саваот.

15Вака рече Господ Бог Саваот: „Трг­ни, оди кај оној дворјанин, при Севна, началникот на дворецот, и кажи му:

16какво право имаш и кого имаш тука, па си правиш тука гробница? Тој си прави за себе гробница на висо­чината, си прави живеалиште во карпата.

17Ете, Господ ќе те фрли далеку, ка­ко што фрла силен човек и ќе те свитка како клопче,

18откако ќе те свитка како топка и ќе те фрли во широка земја; таму ќе ум­реш ти, таму твоите прекрасни коли ќе бидат за подбивање во домот на твојот господар.“

19„Ќе те турнат од твоето место и ќе те симнат од твоето достоинство.

20И во тој ден ќе го повикам мојот слуга Елијаким, Хелкиевиот син,

21ќе го облечам со твојата облека и со твојот појас ќе го препашам, та и власта твоја ќе ја предадам во рацете не­гови; и тој ќе биде татко на жителите ерусалимски и за домот Јудин.

22И клучот на Давидовиот дом ќе го ставам на рамењата негови; тој ќе отвори, и никој нема да затвори; тој ќе затвори и никој нема да отвори.

23И ќе го зацврстувам како клин на цврсто место, тој ќе биде како славно седиште за домот на својот татко.

24И на него ќе виси целата слава на татковиот му дом, на децата и вну­ците, на целата покуќнина од чаша до ќупови.“

25Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се заниша зацврстениот на цврсто место клин, ќе биде изваден и ќе падне, ќе се испокрши сѐ што виси на него, зашто Господ го вели тоа.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>