Исаија 24:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1ⓟЕте, Господ ја опустошува земја­та и ја прави неплодна; ја изо­б­личува и ги распрснува оние што жи­веат на неа.

2ⓠСо свештеникот ќе стане исто што и со народот, — со слугата, — исто што и со господарот негов; со слугинката, исто што — и со господарката нејзина; со ку­пувачот, исто што и со продавачот; со оној, кој ќе земе на заем, исто што, и со оној кој дава на заем; со оној, кој дава со интерес — исто што и со оној кој зема под интерес.

3ⓡЗемјата ќе опустоши до крај и целата ќе биде ограбена, зашто Гос­под го изрече тоа слово.

4ⓢТагува, нажалена е земјата; опаднала, тажна е вселената; небото про­паѓа заедно со Земјата.

5ⓣИ земјата е осквернета под жите­лите свои, зашто тие ги прекршија за­коните, го изменија уставот, го нару­шија вечниот завет.

6ⓤЗатоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна; затоа се намалени жителите земни, малку луѓе останаа.

7ⓥПлаче гроздовиот сок; боледува лозата; воздивнуваат сите што се веселеа од срце.

8ⓦПрестана веселбата со тимпани; молкна вревата на оние што се веселеа; стивнаа звуците на харфите;

9ⓧне пијат повеќе вино со песни; гор­члив е жестокиот пијалак за оние што го пијат,

10ⓨразорен е запустениот град; сите куќи се затворени, не може да се влезе.

11Плачат за вино по улиците; ис­чезна секаква радост; изгонета е секаква ве­селба од земјата.

12ⓩВо градот остана само пустош, портите се искршени.

13ⓐА среде земјата, меѓу народите, ќе биде истото, што станува кога маслинки тресат или паберки по гроздобер.

14ⓑТие ќе го кренат гласот свој, ќе ли­куваат во величието на Господ, силно ќе воскликнуваат од морето.

15ⓒИ така, славете Го Господа на исток, по островите морски — славете Го името на Господ, Бог Израелов.

16ⓓОд крајот на земјата слушаме пес­на: „Слава на Праведниот!“ Но јас ре­ков: „Тешко мене, тешко мене! Зло­дејци зло вршат, на зол начин дејствуваат злодејците.

17ⓔУжас, јама и стапица за тебе, жи­теле на земјата!“

18ⓕТогаш, оној што ќе избега од викот на ужасот, ќе падне во јама; и кој ќе излезе од јамата, ќе падне во стапица; зашто прозорците од небес­ната висо­чина ќе се отворат, и осно­вите на земјата ќе се разнишаат.

19Земјата се разрушува, земјата се распаѓа, земјата е силно разнишана;

20ⓖземјата се ниша како пијана и се лула како лулка, и беззаконието ѝ тежи врз неа; таа ќе падне — и повеќе нема да стане.

21ⓗИ во тој ден Господ ќе ја казни небесната војска во висините, и земните царства на земјата.

22ⓘИ ќе бидат собрани наедно како затвореници во затвор, и ќе бидат за­к­лучени во темница и по многу денови ќе бидат казнети.

23ⓙТогаш месечината ќе поцрвени, и сонцето ќе се засрами, кога Господ Са­ваот ќе се зацари на гората Сион и во Ерусалим, и пред неговите старе­шини ќе покаже слава.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>