Исаија 25:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Господи, Ти си Бог мој; ќе Те возвеличам, ќе го славам име­то Твое, зашто си извршил премудри дела, определени во старо време, вистинити и сигурни.

2Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина — во урнатини; нема повеќе во градот дворци на туѓинци; никогаш нема да биде обновен.

3Затоа ќе Те прославуваат силните народи; градовите на страшните пле­миња ќе се плашат од Тебе;

4зашто Ти беше прибежиште на си­ромавиот, прибежиште на немоќ­ниот во тешко време за него, заштита од бу­ра, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на зимска виулица.

5Ти го скроти викањето на непријателите, како припек — во безводно мес­то; како припек со сенка од облак; веселбата на угнетувачите е задушена.

6И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати и сочни јадења и најчисти вина;

7врз таа планина ќе ја уништи пок­ривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња.

8Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ.

9И ќе речат во тој ден: „Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нѐ спаси! Тој е Господ; Него Го че­кавме; да се радуваме и веселиме за спа­сението од Него!

10Зашто раката на Господ ќе почива врз таа планина, и Моав ќе биде пре­газен на местото свое, како што се гази слама на буниште.“

11И макар што ги размавна среде него рацете свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ќе ја по­низи гордоста негова заедно со мафта­њето на рацете негови.

12И ќе ја собори, ќе ја разруши тврдината со твоите високи ѕидишта, ќе ја кутне на земја, во прав.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>