Исаија 3:1-26 MKDB2006 - Bible AI

1Ете, Господ Бог Саваот ќе го одземе од Ерусалим и од Јуда жезолот и помошта, секоја поткрепа во леб и вода,

2храбар водач и војник, судија и пророк, јасновидец и старец,

3војсководец и големец, советник, му­дар уметник и вешт говорник.

4Ќе им дадам момчиња за началници, и деца ќе владеат над нив.

5А во народот еден ќе угнетува друг, и секој — својот ближен; момче бесрамно ќе се прави голем пред старец и простак — пред големец.

6Тогаш човек ќе се фати за братот свој, во челадта на татко си свој и ќе рече: „Ти имаш наметка, биди ни водач, и овие урнатини нека бидат под твоја рака.“

7А тој со клетва ќе рече: „Не мо­жам да ги излекувам раните на народот; и во мојата куќа нема ни леб, ни облека: не правете ме водач на народот.“

8Така пропадна Ерусалим, и падна Јуда, зашто јазикот нивни и делата нив­ни се против Господ, навредливи пред очите на Неговата слава.

9Изразот на лицето нивно сведочи против нив, а за гревот свој тие кажу­ваат отворено, како содомците, не кријат: тешко на душата нивна! Сами на себеси навлекуваат зло.

10Кажете му на праведникот: „Блазе му, зашто тој ќе ги јаде плодовите на делата свои;

11а на беззаконикот — тешко нему, за­што врз него ќе паднат делата на рацете негови!

12Угнетувачи на Мојот народ се децата, и жени владеат над него. Народе Мој, твоите водачи те доведуваат до заб­луда и го раскопуваат патот по кој одиш.“

13Се крена Господ на суд — и стои, за да го суди народот.

14Господ влегува во суд со старе­шините на Својот народ и со неговите кнезови: вие го опустошивте лозјето; ограбеното од сиромасите е во вашите куќи.

15„Зошто го угнетувате народот Мој и ги газите сиромасите?“ вели Господ Бог Саваот.

16Потоа рече Господ: „Поради тоа што ќерките сионски се гордеат и одат со исправени вратови, што освојуваат со погледите, и ситно одат и со веришки на нозете тропкаат,

17Господ ќе го оголи темето на ќер­ките сионски, и ќе го открие срамот нивни.“

18Во оној ден Господ ќе ги одземе убавите веришки на нозете, секакви шнолички и полумесечинки,

19обетки, ѓерданчиња и ладила,

20превези, гривни и појаси, стакленца со мириси и уметнички украси,

21прстење и алки за нос,

22горна облека и долна, шамичиња,

23светли тенки наметки, кошули, забратки и покривала.

24И наместо пријатен мирис ќе има смрад и место појас — јаже, место кад­рени коси — ќелави глави, наместо ши­рока наметка — тесно вреќиште, место убавина — лузна.

25Мажите твои ќе паднат од меч, а јунаците твои — во битка,

26и портите на престолнината ќе воздивнуваат и ќе плачат, а таа ќе седи напуштена на земјата.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>