Исаија 35:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1Ќе се развесели пустината и сувата земја, и ненаселената земја ќе се зарадува и ќе расцути како крин;

2прекрасно ќе цути и ќе се радува, ќе ликува и ќе се весели; славата на Ливан ќе му се даде, великолепието — на Кармил и Сарон; тие ќе ја видат славата на Господ, величината на нашиот Бог.

3Закрепнете ослабени раце и зајакне­те колена што треперите;

4кажете им на плашливите со дух: бидете цврсти, не плашете се: ете, вашиот Бог иде со одмазда, со отплата Божја: Тој ќе дојде и ќе ве спаси.

5Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се одзатнат;

6тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее; зашто води ќе бликнат во пустината, и потоци — во степите.

7И горливиот песок ќе се претвори во езеро, а жедната земја — во водни извори; живеалиштето на чакалите, каде што тие се одмараат — ќе стане место за трска и рогозина.

8И таму ќе има друм, и патот по него ќе се нарече Свет Пат; нечистиот нема да оди по него; тој ќе биде само за светите; оние што одат по тој пат, дури и неискусните — нема да се загубат.

9Лав нема да има таму, и лута ѕверка нема да се качува по него; тие нема да се најдат таму, само откупените ќе одат таму.

10Ќе се вратат избавените од Господ, ќе дојдат на Сион со радосни извици; и вечна радост ќе биде над нивната глава; тие ќе најдат радост и веселба, а жалоста и воздишката ќе си заминат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>