Исаија 39:1-8 MKDB2006 - Bible AI

1Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Баладан, син Балада­нов, испрати до Езекија писмо и дарови, зашто беше чул дека тој бил болен и оздравел.

2Им се зарадува Езекија на гласниците и им ја покажа својата ризница, среброто и златото, пријатните мириси и скапоцените масла, целата своја оружница и сѐ што се наоѓаше во неговата ризница, — не остана ништо, што не им го покажа Езекија во домот свој и по целото свое царство.

3Тогаш дојде пророкот Исаија кај царот Езекија и му рече: „Што рекоа овие луѓе? Од каде дојдоа при тебе?“ Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа тие кај мене, од Вавилон.“

4И праша Исаија: „Што видоа тие во твојот дом?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што има во мојот дом; ништо не остана во мојата ризница, што не им покажав.“

5И му рече Исаија на Езекија: „Ислушај го словото на Господ Саваот:

6ете, ќе дојдат дни, и сѐ што има во домот твој и што собрале татковците твои до денес, сѐ ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане, вели Господ.

7Ќе земат и од твоите синови, што ќе произлезат од тебе, што ќе ги родиш, и тие ќе бидат евнуси во дворецот на ва­вилонскиот цар.“

8А Езекија му рече на Исаија: „Добро е словото Господово, што ти го изрече; а во себе помисли: барем ќе има мир и сигурност во текот на моите дни.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>