Исаија 4:1-6 MKDB2006 - Bible AI

1Во оној ден, седум жени ќе се фатат за еден маж и ќе речат: „Свој леб ќе јадеме и своја облека ќе носиме, доста е само да се нарекуваме со твоето име — симни го од нас срамот наш!“

2Во оној ден фиданката Господова ќе се јави во убавина и чест, а плодот на земјата — во величие и слава, за спасе­ните синови израелски.

3Тогаш преостанатите на Сион и пре­живеаните во Ерусалим — сите, запиша­ни како да живеат во Ерусалим, ќе се нарекуваат свети,

4кога Господ ќе ја измие нечистотијата на ќерките сионски и ќе ја исчисти крвта на Ерусалим од средината негова со дух, кој суди и со дух, кој пали.

5И ќе направи Господ над секое мес­то на гората Сион и над собранијата, облак и дим дење, а блесок од пламнат оган — ноќе; зашто слава ќе покрива сѐ.

6И ќе има шатор за сенка дење од припек и засолниште и заклон од лошо време.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>