Исаија 41:1-29 MKDB2006 - Bible AI

1Молкнете пред Мене, острови, и народите нека ги обноват силите свои; нека се приближат и нека речат: да излеземе заедно на суд.

2Кој Го издига од исток Правед­никот, кој Го повикува да оди пред Него? Кој Му ги предаде народите и Му ги покори царевите? Тој ги претвори во прав со Неговиот меч, со Неговиот лак — во плева, развеана од ветар.

3Тој ги гонеше, Тој газеше сигурно по патот, одвај допирајќи го со нозете Свои.

4Кој го направи и изврши тоа? Оној, Кој во почетокот ги повика родовите; Јас, Господ, Јас сум првиот, и со последните — Јас сум истиот.

5Островите видоа и се ужасија, краиштата земни затреперија. Тие се зближија и се собраа;

6секој му помага на другарот свој и му вели на братот свој: „Држи се!“

7Леарот го бодри златарот, тој што сплескува со чекан го храбри оној што кове со ковална, велејќи за спојката: „Добра е“; и ја зацврстува со клинци, за да биде цврста.

8„А ти, ти Израеле, слуго Мој, Јако­ве, кого Јас те избрав, семе на Мојот пријател Авраам,

9ти, кого го зедов од краиштата на земјата и го повикав од краиштата нејзини, и ти реков: Ти си Мој слуга, Јас те избрав и нема да те отфрлам.

10Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победо­носна десница.“

11Ете, посрамени и понижени ќе ос­танат сите, што се наежени против тебе, — ќе бидат како ништо и ќе загинат оние што се препираат со тебе.

12Ќе ги бараш — и нема да ги најдеш, нив, кои непријателствуваат против тебе; оние кои се борат против тебе ќе бидат како ништо, наполно ништо;

13зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: „Не плаши се, Јас ти помагам.“

14„Не плаши се, црву Јакове, малуброен Израеле, — Јас ти помагам, вели Господ, Јас твојот Искупител, Светецот Израелов.“

15Ете, Јас ќе те направам остар ди­кел, нов, назабен; ти ќе ги кршиш и ќе ги ситниш планините, и ридовите ќе ги направиш како прав.

16Ти ќе ги вееш, ветрот ќе ги разнесе, и виорот ќе ги развее; а ти ќе се зарадуваш во Господ, ќе се фалиш со Све­тецот Израелов.

17Сиромаси и неимотни бараат вода, и нема, јазикот им се исушува од жед: Јас, Господ ќе ги чујам, Јас, Бог Изра­елов, нема да ги оставам.

18Ќе отворам реки на врвот од горите и извори среде долини; пустината ќе ја направам езеро и сувата земја — водни извори;

19ќе насадам во пустина кедар, ситим, мирта и маслинки, ќе насадам во степите кипарис, јавор и бука заедно,

20сите да видат и познаат, и да разгледаат и разберат дека раката Гос­подова го направи тоа, дека Светецот Израелов го создаде тоа.

21Претставете го спорот свој, вели Господ; дајте ги доказите свои, вели Царот Јаковов.

22Нека дојдат и нека ни кажат што ќе биде; нека објават нешто, пред да стане, и ние ќе проникнеме со умот свој и ќе дознаеме, што ќе биде потоа, или нека ни претскажат за иднината.

23Кажете што ќе биде во иднина, и ние ќе познаеме дека сте богови, или направете нешто добро или лошо, за да се зачудиме и стаписаме.

24Но вие сте ништо, и делото ваше е ништожно; одвратен е оној што ќе ве избере.

25Јас го подигнав од север, и тој ќе дојде; од изгрев сонце ќе го повикува името Мое[10] и ќе ги гази кнезовите ка­ко кал, и ќе ги гази, како грнчар глината.

26Кој објави за тоа од почетокот, за да знаеме, и многу порано, за да можеме да кажеме: „Вистина ли е!?“ Но никој не кажал, никој не објавил, никој не ги чул вашите зборови.

27Јас прв реков на Сион: „Ете го, и му дадов на Ерусалим благовесник.“

28И така, Јас гледав, и немаше никого, меѓу нив не се најде советник, за да можам да ги прашам, и тие да одговорат.

29Ете, сите тие се ништо, ништожни се и делата нивни: ветар и ништожност се нивните идоли.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>