Исаија 43:1-28 MKDB2006 - Bible AI

1А сега вака вели Господ, Кој те создаде, Јакове, и Кој те образувал, Израеле: не плаши се, зашто Јас те откупив, по име те повикав; ти си Мој.

2Преку води ли ќе минуваш — Јас сум со тебе; преку реки ли — тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори.

3Зашто Јас сум Господ, Бог твој, Светецот Израелов, твојот Спасител; откуп за тебе го дадов Египет; Етиопија и Сева ги дадов за тебе.

4Бидејќи си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ќе дадам други луѓе за тебе, и народи за твојата душа.

5Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; од исток ќе го доведам твоето племе и од запад ќе го соберам.

6На север ќе му кажам: дај; и на југ: не задржувај; доведи ги синовите Мои оддалеку и ќерките Мои — од краиштата земни,

7секого, кој се нарекува со Моето име, кого сум го создал за Мое про­славување, што сум ги создал и напра­вил.

8Изведи го слепиот народ, иако има очи, и глувиот, иако има уши.

9Нека се соберат сите народи заедно, нека се соединат племињата. Кој од нив го претскажал тоа? Нека соопштат што било во почетокот; нека доведат сведоци за да се оправдаат, за да може да се чуе и да се каже: „Вистина е!“

10А Мои сведоци, вели Господ, сте вие и Мојот слуга, што го избрав, за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас: пред Мене немаше Бог, и по Мене нема да има.

11Јас, Јас сум Господ, и нема Спаси­тел освен Мене.

12Јас предреков и спасив, однапред претскажав кога туѓ бог немаше меѓу вас, вие сте Мои сведоци дека Јас сум Бог — вели Господ;

13од почетокот на дните Јас сум ист, никој не избавува од раката Моја; Јас ќе направам, и кој ќе го измени тоа?

14Така вели Господ, вашиот Иску­пител, Светецот Израелов; заради вас испратив во Вавилон и ги исфрлив сите резиња на затворите и Халдејците, кои се гордееја со кораби.

15Јас сум Господ, вашиот Светец, Создателот на Израел, вашиот Цар.

16Така вели Господ, кој отвори во мо­рето пат, по разбранувани води — патека.

17Кој изведе бојни коли и коњи, вој­ска и сила; сите паднаа заедно за да не станат; угаснаа, како фитил согореа.

18Но вие не се сеќавате за поранеш­ното и за некогашното не помислувате.

19Ете, Јас правам нешто ново; еве сега ќе се јави; зар и тоа не сакате да го знаете? Ќе направам пат низ степи, реки — преку пустина.

20Полските ѕверови ќе Ме прослават, чакали и ноеви, зашто ќе им дадам вода во пустината, реки — во суви степи, за да го појам Мојот избран народ.

21Народ што го создадов за Себе, за да ја разгласува славата Моја.

22А ти, Јакове, не Ме повикуваше: ти, Израеле, не се трудеше за Мене.

23Не си Ми ги принесувал своите ја­г­ниња за сепаленица, ниту си Ме почи­тувал со жртвите свои. Не сум те при­нудувал да Ми служиш со приноси и не сум ти дотежнувал, барајќи од тебе да Ми кадиш.

24Не си Ми купувал со сребро кадило, ниту си Ме наситувал со мрсно месо од жртвите свои; но со твоите гревови си Ме оптоварувал; со твоите беззаконија си Ми дотежнувал.

25А Јас, Јас Сам ги бришам твоите престапи заради Самиот Себе и гре­вовите твои нема да ги спомнам.

26Потсети Ме, заедно ќе се судиме; говори, за да се оправдаш.

27Твојот прататко згреши, а твоите застапници отстапија од Мене.

28Затоа настојниците на светили­ш­тето ги лишив од свештенство, Јаков го предадов на проклетство и Израел на подбив.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>