Исаија 56:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Вака вели Господ: пазете го правосудството и вршете правда; зашто близу е спасението од Мене и от­кровението на Мојата правда.

2Блажен е човекот, кој го прави тоа и синот човечки, кој здраво се придржува за тоа, кој пази на саботата за да не ја оскверни и ја чува раката своја — за да не врши никакво зло.

3Синот на туѓинецот, кој се присоединил кон Господ, да не вели: „Господ сосема ме оддели од Својот народ“, и евнухот да не рече: „Ете, јас сум суво дрво.“

4Зашто вака вели Господ за евнусите: „Оние што ги пазат Моите саботи и го избираат она, што Ми е Мене угодно, оние што цврсто се придржуваат за заветот Мој, —

5ним ќе им дадам во домот Свој и во ѕидините Свои место и име подобро отколку на синовите и ќерките: ќе им дадам вечно име, кое нема да биде истребено.“

6И синовите на туѓинците, што се присоединиле кон Господ, за да Му служат и да го сакаат името на Господ, да бидат слуги Негови, — сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат и цврсто се придржуваат за заветот Мој,

7Јас ќе ги одведам на Мојата света гора и ќе ги зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жрт­вите нивни ќе бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ќе се нарече молитвен дом за сите народи.

8Господ Бог, Кој ги собира рас­прснатите Израелци, вели: покрај веќе собраните Израелци, ќе собирам и други.

9Дојдете да јадете вие, сите ѕверови полски, сите ѕверови шумски!

10Стражите нивни сите се слепи и не­разумни: сите тие се неми пци, кои не можат да лаат, но лежејќи, бладаат и сакаат да спијат.

11Тоа се пци со ненаситна душа, кои не знаат ситост; и тоа се пастири не­разумни: сите, од првиот до последниот, го гледаат својот пат, својата заработка:

12„Дојдете — велат — ќе донесеме вино, ќе се напиеме жесток пијалак; и утре ќе биде истото она што и денес, дури и повеќе отколку денес.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>