3ⓑНо приближете се вие тука, синови на врачеви, семе на прељубодеец и блудница!
4ⓒСо кого се подбивате? Против кого отворате уста и го покажувате јазикот? Не сте ли деца на гревот, семе на лагата,
5ⓓкои сте запалени од похотта кон идоли под секое гранчесто дрво, кои колете деца покрај потоци, меѓу пукнатини на карпи?
6ⓔВо мазните камења на потоците е твојот дел; тие, тие се твоја ждрепка, ним им правиш ти прелив и им принесуваш жртва: можам ли Јас да бидам од тоа задоволен?
7ⓕНа висока и голема планина го поставуваш леглото свое, и таму се качуваш да принесуваш жртва.
8ⓖЗад вратата и зад довратниците ги ставаш твоите спомени; зашто, кога ќе се одвратиш од Мене, ти се разголуваш и се качуваш; го прошируваш леглото свое и се договараш со оние од нив, со кои сакаш да лежиш и го погледнуваш местото.
9ⓗТи си одела и кај царот со миризливо масло и си ги умножувала твоите мириси, и далеку си ги испраќала своите гласници и си ги струполила до пеколот.
10ⓘОд долгото скитање ти си папсана, но не рече: „Надежта е изгубена!“ Сѐ уште си наоѓаш нова сила и затоа не почувствува слабост.
11ⓙА од кого се уплаши и застраши, па стана неверна и престана да Ме помниш и пазиш во срцето свое? Не е ли затоа што Јас молчев, што молчев долго, та ти престана да се плашиш од Мене?
12ⓚЌе ја објавам твојата правда и твоите дела, и тие нема да бидат во твоја полза.
13ⓛКога ќе повикаш, ќе те спасат ли идолите што си ги собрала? — Сето тоа ветрот ќе го однесе, ќе го развее; а кој се надева на Мене, ќе ја наследи земјата и ќе ја владее Мојата света гора.
14ⓜЌе се рече: „Срамнете, рамнете, израмнете го патот, отстранете ги пречките од патот на Мојот народ.“
15ⓝЗашто вака вели Високиот и Возвишениот, вечно Живиот, Чие име е Светец: „Јас живеам на небесната височина и во светилиштето, но Јас сум и со оние што имаат скршено срце и понизен дух, за да го оживувам духот на понижените и да ги оживувам срцата на поразените.
16ⓞЗашто нема вечно да се заканувам, ниту докрај да се гневам; инаку ќе падне пред Мене секој дух и секоја душа што сум ги создал.
17ⓟЗаради нивното грешно лукавство, Јас се разгневив и ги биев, се криев и се лутав; но тие продолжуваа да си се враќаат на своите патишта.
18ⓠГи видов патиштата нивни, но ќе ги излекувам, ќе ги водам и ќе ги утешувам, нив и оние што ги жалат.
19ⓡЈас ќе го исполнам словото: мир, мир на далечен и на ближен“ — вели Господ, „И ќе го излекувам.“
20ⓢА нечесните се како разбрането море, кое не може да се смири, и чии води исфрлаат тиња и кал.
21ⓣНема мир за грешниците, вели Господ Бог.