Исаија 6:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1Во годината кога умре цар Озија, јас Го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на облеката Негова го исполнија целиот храм.

2Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: со две секој го криеше лицето свое, со две дру­ги ги криеше нозете свои, а со две ле­таше.

3И викаа еден кон друг и велеа: „Свет, свет, свет е Господ Саваот! Це­лата земја е полна со Неговата слава!“

4И се разниша горништето на вра­тите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим.

5И реков: „Тешко мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, — а очите мои Го видоа Царот, Господ Саваот!“

6Тогаш долета до мене еден од сера­фимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жрт­веникот,

7се допре до устата моја и ми рече: „Ете, тоа се допре до устата твоја — и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти.“

8И го чув гласот на Господ, Кој рече: „Кого да испратам и кој ќе отиде за нас?“ А јас реков: „Еве ме мене, испра­ти ме мене!“

9Тогаш Тој рече: „Оди и кажи му на тој народ: ‚со ушите ќе чуете и нема да разберете, и со очи ќе гледате — и нема да видите.‘

10Зашто срцето на тој народ е закоравено, и со ушите тешко слушаат и ги затвориле очите свои за да не гледаат со очи, со уши да чујат и со срце да разбе­рат, та да се обратат да ги излекувам.“

11И реков: „До кога, Господи?“ Тој рече: „Додека запустат градовите и останат без жители, и куќите без луѓе, земјата сосема не се запусти,

12додека Господ не ги протера луѓето и голема пустош во таа земја да има.

13И ако остане уште десеттиот дел во неа, и таа пак ќе биде разорена; но како од брест и даб, кога се и отсе­чени, останува коренот нивни, така светото семе ќе биде нејзин корен.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>