Исаија 62:1-12 MKDB2006 - Bible AI

1Нема да замолчам заради Сион, ниту ќе се успокојам заради Ерусалим, додека правдата негова не изгрее како светлина, и спасението не­гово — како запалена светилка.

2И народите ќе ја видат твојата правда, и сите цареви — твојата слава; и ќе ги наречат со ново име, кое устата Госпо­дова ќе го определи.

3И ќе бидеш венец на слава во раката Господова и царска круна — врз длан­ката на твојот Бог.

4Нема веќе да те нарекуваат „оста­вен“, ниту земјата твоја повеќе ќе ја именуваат „пустина“, туку ќе те наре­куваат „Мое благоволение кон него“, а земјата твоја — „омажена“, зашто Гос­под благоволил кон тебе, и земјата твоја ќе биде мажена.

5Како што момче се жени со мома, така и синовите твои ќе се соединат со тебе; и како што младоженецот се радува на невестата, така ќе ти се радува тебе твојот Бог.

6На ѕидовите твои Ерусалиме, поставив стража, која нема да молкне ни дење, ни ноќе. О, вие што Го спомнувате Господа, не замолкнувајте!

7Не замолчувајте пред Него, додека Тој не го обнови Ерусалим и додека не ја издигне славата негова на земјата.

8Господ се заколна во десницата Сво­ја и во силната рака Своја: нема повеќе да го дава твоето жито за храна на непријателите твои; и синови на туѓин­ци нема да го пијат виното твое, за кое си се трудел;

9но собирачите негови ќе го јадат и ќе Го слават Господа, и берачите на грозјето ќе го пијат виното негово во дворовите на Моето светилиште.

10Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите!

11Ете, Господ објавува до крајот на земјата: кажете ѝ на ќерката Сионова: твојот Спасител иде; наградата Негова е со Него, а отплатата Негова — пред Него.

12И ќе ги наречат свет народ, откупен од Господ, а тебе ќе те наречат „баран“, „Незаборавен град.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>