Исаија 63:1-19 MKDB2006 - Bible AI

1Кој е Оној, Кој иде од Едом, во црвена облека од Восор, Кој е толку величествен во облеката Своја, Кој пристапува во полната сила Своја? — „Јас сум, Кој изрекувам правда и сум силен да спасувам.“

2Зошто Твојата облека е црвена, и твоите облеки — како на оној, што газел во каца?

3„Јас газев во каца Сам, и никој од народите не беше со Мене; Јас ги газев во гневот Свој и ги газев во јароста Своја; крвта нивна Ми ја прскаше об­леката Моја; ја извалкав целата облека Моја;

4зашто денот за одмазда е во срцето Мое, и годината на искупените од Мене настапи.

5Јас гледав — и немаше помошник; се чудев, зошто немаше кој да Ме пот­крепи; но Мојата рака Ми помогна, и Мојот гнев — тој Ме поткрепи:

6и во гневот Свој ги згазив народите, ги уништив во јароста Своја и ја излеав на земјата крвта нивна.“

7Ќе се сеќавам на милоста и славата Господова, за сѐ што Господ ни дарува, за големата Негова благост кон домот Израелов што Тој ја укажа по милосрдноста Своја и по многуте добрини Свои.

8Тој рече: „Навистина, тие се Мој народ, деца што нема да изневерат,“ — и Тој ќе биде нивни Спасител.

9Во секоја нивна жалост Тој не ги оставаше и Ангелот на Неговото при­суство ги спасуваше[12]; со Својата љубов и добросрдечност Тој ги искупи, ги зеде и ги носеше во текот на сите древни дни.

10Но, тие се одметнаа и Го огорчија Неговиот Свет Дух; затоа Тој им стана непријател, така што Сам војуваше против нив.

11Тогаш народот Негов си спомна за древните дни, деновите на Мојсеј: каде е Оној што ги изведе од морето со пастирот на Своите овци? Каде е Оној што Го вложи во неговото срце Својот Свет Дух?

12Кој го водеше Мојсеј за десната рака со Својата величествена сила и ги раздели пред нив водите, за да си создаде вечно име?

13Кој ги водеше преку бездни, како коњ по степи и тие не се сопинаа?

14Како што стадо слегува во долина, — така Духот на Господ ги води кон покој. Така и Ти го водеше Својот народ, за да си создадеш славно име.

15Ѕирни од небесата и погледни од Твоето живеалиште на светињата Твоја и на славата Твоја: каде се ревноста и силата Твоја? Големата Твоја милосрдност и милоста Твоја кон мене престанаа.

16Само Ти си Отец наш; зашто Ав­раам не нѐ познава, ниту Израел нѐ признава за свои; Ти, Господи, си наш Отец, отсекогаш Твоето име е: „Иску­пител наш.“

17Зошто Господи, си допуштил да се отстраниме од Твоите патишта, да се ожесточи срцето наше, за да не се пла­шиме од Тебе? Сврти се заради Твоите слуги, заради племињата на Твоето нас­ледство.

18Кратко време владееше над него народот на Твојата светиња: непријате­лите наши го изгазија твоето свети­лиште.

19Ние станавме такви, како над кои никогаш да не си владеел, и над кои името Твое да не се спомнувало. О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>