Исаија 8:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1И ми рече Господ: „Земи си голема плоча и напиши на неа со човечко писмо: Махер-Шалал-Хаш-Баз[1].“

2И си зедов верни сведоци: свеште­никот Урија и Захарија, синот Јеве­рикиев,

3и легнав со пророчицата, и таа зачна и роди син. И ми рече Господ: дај му име: Махер-Шалал-Хаш-Баз;

4зашто, пред да се научи детето да изговара: тате, мамо, — богатството на Дамаск и пленот самарјански ќе бидат однесени од асирскиот цар.

5И продолжуваше да ми зборува Господ и рече:

6„Штом овој народ ги занемарува водите на Силоам, кои течат тивко, а се восхитува на Рецин, и на синот Рема­лиев,

7Господ ќе ги испрати врз него бурните и големи води на Реката — асир­скиот цар со сета негова слава;

8и ќе навлезе во Јудеја, ќе ја поплави и високо ќе се крене — ќе стигне до вратот; и раширените крила нејзини ќе бидат по целата ширина на Твојата зем­ја, Имануеле!“

9Здружувајте се, народи, но ќе бидете уништени, и внимавајте, вие сите што сте далечни земји! Воо­ружувајте се, но ќе бидете победени; вооружувајте се, но ќе бидете униш­тени!

10Кројте заговори, но тие ќе се ру­шат, говорете збор, но тој нема да се исполни, зашто со нас е Бог!

11Зашто вака ми велеше Господ, држејќи ја врз мене цврстата рака и опоменувајќи ме да не одам по патот на тој народ, велејќи:

12„Не нарекувајте го заговор сето она што тој народ го нарекува заговор; и не плашете се од она, од кое тој се плаши, не стравувајте.

13Господ Саваот — само Него сметајте Го за свет, и Тој да биде ваш страв и ваш трепет!

14Тој ќе биде осветување и камен за сопнување и карпа за соблазна на двата дома Израелови, стапица и мрежа за жителите ерусалимски.

15И мнозина од нив ќе се сопнат и ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат во стапицата и ќе бидат уловени.“

16„Врзи го свидетелството и запечати го откровението пред своите ученици.“

17И така, јас се надевам на Господ, Кој го сокрил лицето Свое од домот Ја­ковов, на Него се надевам.

18Ете, јас и децата што ми ги даде Господ, сме како белези и докази во Из­раел од Господ Саваот, Кој живее на го­рата Сион.

19И кога ќе ви речат: „Обратете се кон оние, што извикуваат мртовци, и кон маѓесници, кон бајачи и оние што говорат од стомак, тогаш одговарајте: не треба ли народот да се обрнува кон својот Бог? Се прашуваат ли мртви за живи?“

20Допрашајте се до законот и откро­вението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина.

21Ќе скитаат тие по земјата, жес­токо угнетувани и гладни; и во време на гла­дот ќе се лутат, ќе го навредуваат својот цар и својот Бог.

22И ќе се загледаат угоре, и ќе по­гледаат кон земјата; и ете — скрб и мрак, густа темнина; и ќе бидат фрлени во темнината.

23Но нема секогаш да има мрак таму, каде што сега тој е згустен. Поранеш­ното време ја понизи земјата Завулоно­ва и земјата Нефталимова; но подоцнежното — ќе го возвеличи крајморски­от пат, од онаа страна на Јордан, незна­божечка Галилеја.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>