Исус Навин 1:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1По смртта на Мојсеј, слугата Господов, Господ му рече на Нави­новиот син Исус, служител на Мојсеј, велејќи:

2„Мојсеј, слугата Мој умре; затоа сега стани, мини преку реката Јордан, ти и сиот овој народ, во земјата, што Јас им ја давам, на синовите Израелови.

3Секое место, на кое ќе стапнат ста­палата на вашите нозе, вам ви го давам, како што му реков на Мојсеј:

4од пустината и од Ливан дури до големата река, реката Еуфрат, целата земја Хитиска, и до Големото Море на запад ќе бидат ваши предели.

5Никој нема да ти се спротивстави во текот на сите денови од твојот живот; и како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе: нема да те оставам, ниту ќе те презрам.

6Биди цврст и храбар, зашто ќе му ја разделиш земјата на овој народ, во нас­ледство за која им се заколнав на тат­ковците нивни дека ќе им ја дадам;

7само биди многу цврст и храбар, и грижливо пази да го извршиш сето она што ти го заповеда слугата Мој Мојсеј; не се отстранувај од сето тоа ни надесно ни налево, туку постапувај разумно во сѐ што ќе преземаш.

8Да не се одделува од устата твоја оваа книга на законот; туку поучувај се од неа дење и ноќе, за да разбереш како ќе го извршуваш сѐ она, што е напи­шано во неа; зашто тогаш ти ќе имаш успех во твоите патишта и умно ќе постапуваш.

9Еве, ова ти заповедам Јас: биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужасувај, зашто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе, каде и да одиш.“

10Тогаш Исус им заповеда на народните управители и рече:

11„Влезете меѓу народот и заповедај­те им на луѓето и кажете им: ‚при­гответе си храна за пат, зашто по три дена ќе ја минете реката Јордан, и ќе влезете да ја преземете земјата, која Господ, Бог на вашите татковци, ви ја дава во наследство.‘“

12А на племето Рувимово, Гадово и на половината од Манасиевото племе, Исус им рече:

13„Спомнете си, што ви заповеда Мој­сеј, слугата Господов, велејќи: ‚Гос­под, вашиот Бог ве успокои и ви ја даде оваа земја;

14вашите жени, вашите деца и ва­ши­от добиток нека останат во земјата, што Мојсеј ви ја даде од оваа странана Јордан[1]; а вие храбрите, што можете да војувате, тргнете вооружени пред бра­ќата ваши и помагајте им,

15додека Господ, не ги успокои бра­ќата ваши, како и вас; додека и тие не ја наследат таа земја, која Господ, вашиот Бог, им ја дава; тогаш вратете се во наследството свое и земете ја земјата, која Мојсеј, слугата Господов, ви ја даде од оваа страна на Јордан, каде изгрева сонцето.‘“

16Тие му одговорија на Исус: „Сѐ што ни заповедаш, ќе направиме, и каде и да не праќаш, ќе одиме;

17како што го слушавме Мојсеј, така ќе те слушаме и тебе; само Господ, твојот Бог, да биде со тебе, како што беше со Мојсеј;

18секој, што ќе се противи на твојата заповед и нема да ги послуша твоите зборови за сѐ, што ќе му заповедаш, ќе биде погубен. Само биди цврст и хра­бар!“

>