1
2тој многу се уплаши, бидејќи Гаваон беше голем град, како еден од царските градови, и поголем од Гај, и сите жители негови беа храбри луѓе.
3
4
5Тие се собраа и отидоа петмина аморејски цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јармутскиот цар, лахишкиот цар, еглонскиот цар, тие и целиот нивен народ, и го опседнаа Гаваон и почнаа да војуваат против него.
6
7Исус тргна од Гилгал, тој и со него сите способни за војна, и сите храбри мажи.
8
9И ги нападна Исус ненадејно, откако целата ноќ беше одел од Гилгал.
10
11
12Тогаш Исус Му рече на Господ пред Израелците во оној ден, во кој Господ Бог ги предаде Аморејците во рацете на Израел: „Запри се, сонце, над Гаваон, и ти, месечино, над долината Ајалон!“
13
14
15Потоа Исус и целиот Израел со него се вратија во логорот во Гилгал.
16
17Кога му јавија на Исус и му рекоа: „Ги најдовме петмината цареви, тие се кријат во пештерата во Македа“,
18Исус рече: „Навалете големи камења пред влезот на пештерата и поставете кај неа луѓе да ги чуваат;
19а вие не се задржувајте, туку гонете ги непријателите ваши, достигнете ги последните редови од нивната војска и не им дозволувајте да отидат по нивните градови, бидејќи Господ, вашиот Бог, ги предаде во вашите раце.“
20
21целиот народ се врати мирно во логорот кај Исус во Македа, и никој не отвори уста против синовите Израелови.
22Тогаш Исус рече: „Отворете го влезот на пештерата и доведете ги кај мене од пештерата петмината цареви!“
23Така и направија: ги доведоа кај него од пештерата петмината цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јармутскиот цар, лахишкиот цар и еглонскиот цар.
24
25
26Потоа Исус ги уби, и ги обеси на пет дрвја; и висеа на дрвјата до вечерта.
27
28
29Потоа тргна Исус и сите Израелци со него од Македа за Ливна и војуваше против Ливна.
30И ја предаде Господ и неа во рацете на Израел и ја презедоа неа и царот нејзин, и уништи Исус со меч сѐ живо, што се наоѓаше во неа; не остави во неа некој да не биде погоден, а со царот постапи така, како што постапи со ерихонскиот цар.
31Од Ливна тргна Исус и сите Израелци со него за Лакиш, постави логор пред него и почна да војува против него;
32и го предаде Господ Лакиш во рацете на Израел, и тој го презеде во вториот ден, удри по него со сечилото на мечот и по сѐ живо, што беше во него, и го уништи така, како што ја уништи Ливна.
33Тогаш на помош на Лакиш му дојде гезерскиот цар Хорам; но Исус удри по него со сечилото на мечот и по неговиот народ така, што не остави од народот некој, да избега.
34И тргна Исус и сите Израелци со него од Лакиш за Еглон, постави логор пред него и почна да војува против него;
35и го презедоа во истиот ден и удрија по него со сечилото на мечот, и со сѐ живо, што се наоѓаше во него во тој ден, постапи така, како што постапи со Лакиш.
36
37го презеде и удри по него со сечилото на мечот и по царот негов, по сите градови негови и по сѐ живо што се наоѓаше во нив; не остави некој, што не беше убиен; како што постапи со Еглон, така го нападна и него и сѐ живо, што се наоѓаше во него.
38Потоа се врати Исус и целиот Израел со него во Давир и го опседна;
39го презедоа него, царот негов и сите села негови, и го удрија со сечилото на мечот, и истребија сѐ живо, што се наоѓаше во него: никого не остави жив; како што постапи со Хеврон и неговиот цар, со Ливна и нејзиниот цар, така постапи и со Давир и царот негов.
40
41Ја порази Исус сета земја од Кадис-Барнеа до Газа и од Гесем дури до Гаваон;
42
43Потоа Исус и сите Израелци со него се вратија во логорот во Гилгал.