1
2Остануваат уште овие земји: сите филистејски предели и сите области на Гесуријците.
3
4На југ, пак, целата хананска земја и Меара Сидонска, до Афека и до аморејските предели,
5исто така целата земја Гевла и источен Ливан од Ваал-Гад, во подножјето на Ермон, до Емат.
6
7
8
9од Ароер, кој е до устието на потокот Арнон, и од градот, кој е среде долината, целата висорамнина Медева дури до Дивон.
10Исто така сите градови на аморејскиот цар Сихон, кој царуваше во Есевон дури до пределите на Амоновите синови,
11како и Галаад и Гесурската и Маахатската област, и целата планина Ермон и целиот Башан до Салеха,
12целото царство Огово во Башан, кој царуваше во Аштарот и во Едреи. Само тој остана од гигантите, зашто Мојсеј нив ги победи и ги протера.
13Но Израеловите синови не ги избркаа жителите на Гесур и Маахат кои живеат меѓу Израелците и до ден-денешен.
14
15на племето на Рувимовите потомци според родовите нивни Мојсеј им даде дел:
16нивните предели беа од Ароер на устието од реката Арнон, и градот, што е во долината Арнонска, како и висорамнината околу Медева,
17Есевон со сите градови на висорамнината: Дивон, Бамот-Ваал и Бет-Ваал-Меон.
18И Јахца и Кедемот, и Мефаат;
19и Кирјатаим, и Сивма и Церет-Шахор,
20и Бет-Пеор, и падините на Фазга и Бет-Јешимот;
21сите градови на висорамнината и целото царство на аморејскиот цар Сихон, кој царуваше во Есевон, и кого го победи Мојсеј, како и мидјанските старешини Евиј, и Рекем, и Цур, Ор и Рева, вазали на Сихон, што живееја во таа земја;
22
23Граница на пределите на Рувимовите синови беше Јордан. Тоа беше делот на Рувимовите синови според нивните племиња — нивните градови и селата.
24
25нивни предели беа Јазер и сите галаадски градови и половината од земјата на Амоновите синови до Ароер, кој е наспроти Рава;
26и земјите од Есевон до Рамат-Мицпа и Бетоним и од Маханаим до границата со Давир,
27а и во долината: Бет-Харам, и Бет-Нимра, и Сукот, и Цафон, остаток од царството на хешбонскиот цар Сихон; неговата територија беше од Јордан до Генисаретското Езеро — од онаа страна на Јордан, кон исток.
28Тоа е наследството на Гадовите синови според нивните племиња, — нивните градови и нивните села.
29Мојсеј му даде дел и на половината од Манасиевото племе, според родовите нивни;
30нивни предели беа: од Маханаим, и целото царство Башанско, и целиот Башан на башанскиот цар Ог и сите Јаирови населби во Башан — шеесет градови;
31а половината од Галаад, и Аштарот и во Едреи, градови царски на Ог Башански, тие им беа дадени на синовите од Махир, Манасиев син, а тоа значи на Махировите синови, според родовите нивни.
32Тоа е наследството што им го даде Мојсеј во Рамнините Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, кон исток.
33