1
2„Кажи им на синовите Израелови: одредете си градови — прибежишта, за кои ви говорев преку Мојсеј,
3
4И кој ќе избега во еден од тие градови, нека застане пред портите од градот и гласно нека го раскаже делото свое на градските старешини; тие да го примат кај себе во градот и да му дадат место, за да живее кај нив;
5а ако одмаздникот за крв ќе почне да го гони, тие не треба да го предадат убиецот во рацете негови, зашто тој убил ближен свој од небрежност и немал претходно спрема него омраза.
6
7И го одредија Кедес во Галилеја, во Нефталимовата Гора, Сихем во Ефремовата Гора, и Кирјат-Арба, односно Хеврон, во гората Јудина;
8од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, на исток, ги одредија: Бецер во пустината, во рамнината, од Рувимовото племе; Рамот во Галаад, од Гадовото племе, и Голан во Башан, од Манасиевото племе.
9Тие градови беа одредени за сите Израелови синови и за придојдените, кои живеат меѓу нив, за да избега таму секој, кој по грешка убил човек, за да не умре од раката на одмаздникот, пред да излезе на суд пред народот.